Ниската откупна цена и немањето пласман за годинашниот род праски беа причини земјоделците еден час да го блокираат регионалниот пат Росоман- Прилеп. Незадоволните овоштари истурија и праски на патот, а најавија радикализација на протестите, доколку не се реши нивниот проблем.
Вести
-
Македонија 20.06.2017 13:23
-
Македонија 20.06.2017 13:04
„5 до 12“ повторно со шатори пред Собранието
Граѓанската иницијатива „5 до 12“ повторно со шатори пред Собранието, во паркот „Жена борец“. Срочени се барањата за законски измени со кои сметаат дека ќе им се подобри животот на луѓето со хендикеп, попреченост или со посебни потреби.
-
Култура 20.06.2017 12:49
Богата програма на „Скопско лето“
Градскиот летен фестивал содржи богата програма за сечиј вкус. Над 50 програмски содржини, од кои 20- тина концерти, 10 ликовни изложби, 8 театарски претстави, 3 промоции на книги и 10 филмски проекции содржани во манифестацијата „Кафе Кино“.
-
Македонија 20.06.2017 12:42
Заев- Борисов: Приближени ставовите околу договорот за добрососедство
Македонскиот премиер Зоран Заев е во официјална посета на Бугарија. Во зградата на Министерскиот совет имаше средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Заев побара поддршка од Бугарија како иден претседавач со Европската унија за македонските евроинтеграции.
-
Македонија 20.06.2017 12:26
Спасовски: Македонија може да биде погодена од нов бран мигранти
Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и секако најзасегнати од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече денеска министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамкит
-
Македонија 20.06.2017 12:13
Дојран на 23-ти јули на рефрендум ќе решава дали ќе се градат рудници
Референдум во Дојран ќе има на 23-ти јули кога жителите ќе се изјаснуваат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината, одлучи синоќа општинскиот Совет.
-
Свет 20.06.2017 12:07
Уапсени роднини на напаѓачот од Шанзелизе
Француската полиција упаси четири членови на семејството на исламскиот екстремист кој загина при неуспешниот обид за напад на булеварот „Елисејски полиња“ во Париз.
Во автомобилот со кој удри намерно во полициско возило се пронајдени оружје и експлозиви.
-
Свет 20.06.2017 11:44
Почина американскиот студент ослободен од Северна Кореја
Американскиот студент Ото Вармбер, кој беше ослободен од затвор во Северна Кореја, почина во болница во Синсинати, Охајо.
22-годишниот Вармбер, кој минал 15 месеци в затвор поради наводна кражба на пропаганден хотелски плакат, бил донесен од Пјонгјанг во коматозна состојба.
-
Култура 20.06.2017 10:57
Атрактивни претстави на „Битола Шекспир фестивал“
Со атрактивниот музичко- сценски колаж насловен како „Шекспир колаж“, во продукција на Битолскиот Народен театар, утревечер свечено ќе биде отворен петтиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“.
-
Свет 20.06.2017 10:47
Лондон прифати преговорите за Брегзит да се одвиваат во две фази
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис се согласи преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ да се водат во две фази. На почетокот ќе се преговара околу постигнувањето договор за условите за Брегзит, а потоа за идните билатерални односи, вклучувајќи и спогодба за слободна трговија.









