Се зголемува бројот на деца со респираторни инфекции, амбулантите полни, градинките и училишните клупи се празнат. Во „Козле“ дневно се прегледуваат над 100 деца.
Андријана Ѓурческа ги има информациите.
Се зголемува бројот на деца со респираторни инфекции, амбулантите полни, градинките и училишните клупи се празнат. Во „Козле“ дневно се прегледуваат над 100 деца.
Андријана Ѓурческа ги има информациите.
Институтот за јавно здравје треба да ги соопшти првичните сознанија за причините поради кои десетици ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ добија стомачни тегови, повраќање и дијареја, симптоми слични на труење. Инспекторите ја затворија и кујната како потенцијален избор на зараза.
Дрско, планирано убиство со умисла, организирано и со логистичка помош на уште четворица е убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир од страна на Кадир Кара.
Камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапи како дел од оф-програмата на најпрестижниот македонски уметнички фестивал – Охридско лето, која годинава, за првпат, ќе биде претставена пред скопската публика.
Во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.
Хамас ги повика посредничките земји да извршат притисок врз Израел за да им овозможи на десетици борци да излезат од тунелите во Појасот Газа, првпат признавајќи дека некои од нив се заробени.
Вчера во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(36) од Скопје.
Ајкула усмрти жена и сериозно повреди маж додека се капеле во Националниот парк „Крауди Беј“ на источниот брег на Австралија. Очевидец им помогнал пред да пристигнат екипите на брзата помош, но жената починала на лице место, а мажот е префрлен во болница во сериозна, но стабилна состојба.
Расте бројот на жртви по смртоносниот пожар што го зафати станбениот комплекс во кинеската приградска населба Тај По во Хонгконг, додека десетици повредени и натаму се критично, а речиси 280 луѓе се водат за исчезнати.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски до сабота ќе престојува во посета на Литванија на покана на неговиот литвански колега Кештутис Будрис.