Десет лица загинаа, а 22 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во централниот дел на Багдад.
Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот со експлозивна направа активирана од автомобил.
Десет лица загинаа, а 22 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во централниот дел на Багдад.
Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот со експлозивна направа активирана од автомобил.
Претседателите на Франција и Русија Емануел Макрон и Владимир Путин ја посетија изложбата во Версај посветена на 300-годишнината од престојот на рускиот цар Петар Велики во Париз.
Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи јавна седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје, во врска со убиството кај Смилковско Езеро.
Британската премиерка Тереза Меј е подготвена да се откаже од преговорите со Европската унија за Брегзит доколку договорот не биде доволно добар.
Поголемите фармери, одгледувачи на свињи ја зголемија продажната цена на 100 или за 5 до 10 денари повеќе за килограм жива мера.
Известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа денеска и утре ќе бидат во работна посета на Република Македонија.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Собраниската седница е закажана за 11 часот.
Никола Тодоров попладнево поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија. На својот Фејсбук профил објави дека планира во иднина повеќе да се посвети на својата основна професија како адвокат.
„Шверцерски обид на Заев да избега од дискусија за кандидатите за новиот владин тим“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за предлогот на мандатарот.
Потребно е Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, да ги отвори поглавјата 23 и 24 за областите правосудство, основните права, правдата, слободата и безбедност кои ќе дадат поттик за интензивирање на реформските процеси-