Заедничка вежба на Армијата и Црвениот крст, на која беа презентирани постапки за спасување животи во кризни состојби. Вежбата е во рамките на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст.
Вести
-
Македонија 26.05.2017 13:25
-
Свет 26.05.2017 12:35
Американците бараат извинување од Трамп за инцидентот во Брисел
Преку онлајн петиција, граѓаните на САД бараат претседателот Трамп да се извини поради неумесниот потег во Брисел кога го турна црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да застане во првиот ред.
-
Свет 26.05.2017 12:26
Сирија: Најмалку 35 цивили загинаа во воздушен напад на коалицијата предводена од САД
35 цивили загинаа во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз сирискиот град Мејдин под контрола на Исламска држава.
Меѓу жртвите има и пет деца, но повеќето од убиените биле родители на џихадистите, и луѓе со потекло од Сирија и Мароко.
-
Економија 26.05.2017 12:21
Саем за вработување во Штип
Во Штип, саем за вработување на кој невработените лица, но и другите заинтересирани ќе можат да се запознаат со можностите што ги нудат работодавачите и со потребите на пазарот на трудот.
-
Свет 26.05.2017 12:01
Сешнс ќе ја обжали одлуката за блокада на антимиграциската уредба на Трамп
Американскиот министер за правосудство Џеф Сешнс ќе ја обжали одлуката на судот кој ја блокираше антимиграциската уредба на претседателот Трамп, најавувајќи борба за враќање на забраната за влез во САД на државјаните од шесте земји со мнозинско муслиманско население.
-
Македонија 26.05.2017 11:55
Случај „Труст“: Сеад Кочан на распит во СЈО
Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, изутрината беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски.
-
Свет 26.05.2017 10:58
Зетот на Трамп под „специјална проверка“ на ФБИ
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер е под специјална проверка на ФБИ, во рамките на отворената истрага за руските врски со изборната кампања.
-
Македонија 26.05.2017 10:53
Се очекува составот на владиниот тим
На шести јуни истекува рокот до кога мандатарот Зоран Заев треба да соопшти дали успеал да го состави владиниот тим. Дотогаш до Собранието треба да испрати предлог со министерските имиња. Сепак, од СДСМ најавуваат дека нема да има потреба се чека крајниот рок.
-
Македонија 26.05.2017 10:48
Утре почнува полагањето државна матура
Од утре до 14-ти јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017-та година, за која се пријавени вкупно 16.426 кандидати.
-
Македонија 26.05.2017 10:42
СДСМ: Груевски да се подготви за опозиција и да понесе одговорност
Иако речиси 11 години имаше шанса да ги придвижи евроинтеграциските процеси за доброто на граѓаните на Република Македонија, Никола Груевски правеше сѐ за целосно да ги загрози евроатлантските перспективи и да ја оддалечи земјата од цивилизираниот демократски свет.










