Денеска во Собранието ќе заседава Комисијата за здравство.
Пред членовите на Комисијата е Годишниот извештај за работа на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2024 година.
Денеска во Собранието ќе заседава Комисијата за здравство.
Пред членовите на Комисијата е Годишниот извештај за работа на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2024 година.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околината на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија.
Конфедерацијата на слободни синдикати почна постапка за прифаќање на понудата на Владата за зголемување на платите на административците до 2028-ма, по 8% секоја година. Се прават подготовки на поединечните колективни договори.
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Националниот џез оркестар на 19 февруари ќе одржи концерт во Националната опера и балет, на кој како солист ќе настапи реномираниот пијанист и органист Ренато Чико. Концертот со наслов „Organ & Big Band“ започнува во 20 часот, а диригент е маестро Џијан Емин.
Голема полициска акција во кругот на поранешната фабрика „Охис“.
САД, ЕУ и Јапонија воспоставија стратешко партнерство за подобрување на снабдувањето со критични минерали, со цел зајакнување на безбедноста, намалување на зависноста од Кина и поддршка на нови рударски и рециклирачки проекти.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на свеченото отворање на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој од 5 до 7 февруари се одржува во Истанбул, Република Турција.
И денеска се вршеа претреси на повеќе локации, поврзани со истрагата за петте тони марихуана која беше запленета во Србија, а за која тамошните власти рекоа дека влегла од Македонија.
Владата одржа брифинг со амбасадорите на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, на кој беше презентиран напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите на европскиот пат на државата.