На телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена (од 13 март до 19 март) имало 1.091 јавување.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата 02/15 123, досега, имало 144.716 повици.
На телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена (од 13 март до 19 март) имало 1.091 јавување.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата 02/15 123, досега, имало 144.716 повици.
Двајца полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Париз кои протестираа против полициското насилство.
Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштуваат од неговиот кабинет.
Иванов во Будимпешта, ќе има средби со унгарскиот претседател Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на парламентот Ласло Ковер.
Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.
Македонците од Вашингтон се приклучија со поддршка за „Заедничка Македонија„. Повеќе генерации Македонци од Вашингтон се собраа пред Белата куќа со развиени македонски знамиња и повеќе пораки.
Кандидатот за германски канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц изјави дека ќе се бори против популизмот доколку неговата партија победи на парламентарните избори во земјата закажани за септември.
Почна пласманот на првите раноградинарски производи. Од пластениците во Струмичко излегуваат првите количества на лути пиперки кои засега имаат добра цена на пазарот.
Следна за берба се краставиците, а наскоро ќе дојдат и доматите.
Министеството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска во осум средни училишта во Велес, Прилеп, Центар, Гостивар, Стумица и во Штип ќе го почнат проектот за популаризација на воениот позив за служба во АРМ, кој ќе се реализира до крајот на април во средните училишта низ Македонија.
Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во акцијата за сузбивање на организирана криминална група која се занимавала со продажба на дрога запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, меѓу 8 до 10 килограми марихуана, 570 таблети екстази, оружје, пари и дигитални ваги.