Директорот на ФБИ Џејмс Коми и шефот на Агенцијата за национална безбедност Мајкл Роџерс ќе сведочат пред конгресот за можна поврзаност меѓу Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп.
Вести
-
Свет 20.03.2017 12:56
-
Македонија 20.03.2017 12:49
Коблер: Што поскоро да се формира влада
Во Македонија што поскоро треба да се формира влада, рече австриската амбасадорка во земјава, Ренате Коблер.
-
Економија 20.03.2017 12:35
„Кодфест тек Фестивал“ од 7-ми до 9-ти април во Охрид
Дваесет и седум тима ќе учествуваат на 32 часовен технолошки натпревар во развивање технолошки идеи во рамки на „Кодфест тек фестивал“. Ќе учествуваат околу 400 учесници, пред кои ќе говорат реномирани технолошки и бизнис експерти од САД, Велика Британија, Шпанија, Данска и Македонија.
-
Македонија 20.03.2017 12:22
Метео: Сончево и топло и во наредните денови
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Попладне во западните делови ќе има услови со мала веројатност за ретка појава на краткотраен слаб дожд.
-
Македонија 20.03.2017 12:19
Иванов за „Маџар Хирлап“: Македонија нема да прифати уцени
Одговорно однесување на партиите во согласност со Уставот, но и нови, предвремени избори за пратеници како можно решение за надминување на политичката криза, посочува шефот на македонската држава Иванов во интервјуто за унгарскиот весник „Маџар Хирлап“.
-
Македонија 20.03.2017 11:48
Значително намалени водостоите на Дрим и Црна
Драстично пониски нивоа од просекот за март неделава се измерени на Црна Река кај Новаци и на Дрим кај Ложани.
Како што соопшти УХМР, пониски од просечните се водостоите на речиси сите реки, Вардар кај Скопје, Велес, Демир Капија, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалницаи Струмица.
-
Македонија 20.03.2017 11:41
Хан и тројката европратеници утре во Македонија
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштај, утре доаѓа во Македонија во обид да се најде излез од политичката криза.
Предвидени се средби со претседателот Иванов и парламентарните партии.
-
Свет 20.03.2017 11:20
Трамп со критики кон Ким Јонг-ун поради програмата за проектили
Според официјален Сеул, најновите тестирања на ракетен мотор во Северна Кореја покажаа значителен прогрес во програмата за развој на проектили. Пјонгјанг тврди дека нуклеарното и ракетното оружје е потребно за самоодбрана од непријателите, вклучувајќи ги и САД и јужниот сосед.
-
Македонија 20.03.2017 11:01
„Ало докторе“: За една недела 1.091 повик
На телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена (од 13 март до 19 март) имало 1.091 јавување.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата 02/15 123, досега, имало 144.716 повици.
-
Свет 20.03.2017 10:57
Двајца полицајци повредени во судирите во Париз
Двајца полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Париз кои протестираа против полициското насилство.










