Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.
Вести
-
Економија 20.03.2017 10:30
-
Македонија 20.03.2017 10:28
Македонците од Вашингтон со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“
Македонците од Вашингтон се приклучија со поддршка за „Заедничка Македонија„. Повеќе генерации Македонци од Вашингтон се собраа пред Белата куќа со развиени македонски знамиња и повеќе пораки.
-
Свет 20.03.2017 10:20
Шулц ги осуди евроскептицизмот и реториката на Трамп
Кандидатот за германски канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц изјави дека ќе се бори против популизмот доколку неговата партија победи на парламентарните избори во земјата закажани за септември.
-
Македонија 20.03.2017 10:16
Производството на раниот зеленчук без поголеми проблеми
Почна пласманот на првите раноградинарски производи. Од пластениците во Струмичко излегуваат првите количества на лути пиперки кои засега имаат добра цена на пазарот.
Следна за берба се краставиците, а наскоро ќе дојдат и доматите.
-
Македонија 20.03.2017 07:44
Проект за популаризација на воениот позив за служба во АРМ
Министеството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска во осум средни училишта во Велес, Прилеп, Центар, Гостивар, Стумица и во Штип ќе го почнат проектот за популаризација на воениот позив за служба во АРМ, кој ќе се реализира до крајот на април во средните училишта низ Македонија.
-
Македонија 20.03.2017 07:41
Сончево и топло на првиот ден од пролетта
Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.
-
Македонија 19.03.2017 16:07
Запленети дрога, оружје и пари, кривична пријава против осум дилери на дрога
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во акцијата за сузбивање на организирана криминална група која се занимавала со продажба на дрога запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, меѓу 8 до 10 килограми марихуана, 570 таблети екстази, оружје, пари и дигитални ваги.
-
Македонија 19.03.2017 14:11
Анкета на ИПИС: Граѓаните најголема доверба имаат во Груевски
Најголема доверба од политичарите во моментов граѓаните имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од 26 отсто, 13,5 отсто се определиле за претседателот на СДСМ Зоран Заев, за Али Ахмети од ДУИ 4,5 отсто, за претседателот на државата Ѓорге Иванов 3 отсто, а Билал Касами од Беса има 1,1 отст
-
Свет 18.03.2017 10:28
Убиено едно лице на парискиот аеродром „Орли“ при обид да нападне воена патрола
Непознат маж е убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако се обидел да му го одземе оружјето на еден војник.
-
Економија 18.03.2017 10:04
Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија
Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед.








