Во Катастарот почна спроведувањето на регистарот според адресите на живеење во земјава. Со тоа ќе се овозможи запишување на граѓаните според местото и адреса на живеење. Избрани се четири пилот општини каде што овој регистар треба да биде завршен до крајот на годинава.
Вести
-
Македонија 17.03.2017 13:24
-
Економија 17.03.2017 13:20
Над 400 учесници на Саемот за мебел
На меѓународниот скопски Саем за мебел што почнува в среда ќе учествуваат над 400 домашни и странски проиизводители и трговци, но и банки и осурителни компании што ќе понудат одредени кредитни поволности.
-
Македонија 17.03.2017 13:16
Хан во вторник доаѓа во Македонија
Стигна потврда од Брисел. Еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европратеници во вторник доаѓаат во Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов и со партиите кои се застапени во Законодавниот дом.
-
Македонија 17.03.2017 12:59
Спасовски: Веднаш да продолжи конститутивната седница
СДСМ достави иницијатива со 67 потписи до претседавачот Вељаноски за продолжување на конститутивната собраниска седница. Зад неа стојат и пратениците од ДУИ, БЕСА и Алијансата за албанците.
-
Македонија 17.03.2017 12:45
ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од платформата од Тирана
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го охрабрува Зоран Заев да се откаже од уцената, односно од Tиранската платформа. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската платформа, по што ќе добие поддршка за формирање малцинска влада, се вели во соопштение на партијата.
-
Свет 17.03.2017 11:12
42 лица загинаа во напад врз џамија во Сирија
Најмалку 42 –ца цивили загинаа во вчерашниот авионски напад врз џамија во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Нападот се случил за време на молитва во Алепо. Најверојатно станува збор за израелски напад, велат медиумите.
-
Македонија 17.03.2017 10:52
Заев на распит во Обвинителство
Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска треба да се појави на распит во основното Јавно обвинителство.
-
Свет 17.03.2017 10:42
Конгресмени: САД повторно да се сврти кон Европа
Соединетите Американски Држави мора повторно да бидат лидери во светот и да ги зацврстат односите со пријателските земји во Европа, оценуваат двајца американски конгресмени, членови на комитетите за воени сили, ветерани и разузнавање.
-
Македонија 17.03.2017 10:37
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите за зачувување на унитарноста на Македонија. Поддршка дадоа и од ловните друштва во земјата.
-
Македонија 17.03.2017 10:31
СДСМ поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието за избор на нов претседател.










