Градоначалниците и членовите на Советите на општините можат да ги извршуваат своите законски надлежности до крајот на првата половина од мај- ваков одговор добило Министерството за локална самоуправа од ресорот правда.
Вести
-
Македонија 17.03.2017 14:52
-
Македонија 17.03.2017 14:42
Хан и тројката европратеници во вторник во Македонија
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Куакан и Кнут Флекенштајн во вторник следната недела доаѓаат во Скопје, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза во која се наоѓа земјава- потврди портпаролката на ЕК, Маја Коци
-
Економија 17.03.2017 14:30
Катастарот воведува Адресен регистар
90 насто од домовите во селата немаат прецизни адреси и граѓаните се запишуваат на една иста. Со воведувањето на адресниот регистар треба да се надмине овој проблем и прецизно да се одредат адресите на правните и на физичките лица. Почнаа активностите за спроведување на овој проект.
-
Македонија 17.03.2017 14:23
Верските заедници апелираат за смирување на состојбите
Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата татковина-Република Македонија, без разлика на која верска заедница припаѓаме. Петте верски водачи на заедниците во земјава ставија потпис на заедничка изјава.
-
Македонија 17.03.2017 14:18
Средба Попоски- Курц во Виена
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во Виена оствари средба со австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц.
-
Македонија 17.03.2017 14:12
Заев на распит за нелегално финансирање на изборна кампања
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше повикан во јавното обвинителство на распит под сомнение за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. По полчасовното сослушување Заев изјави дека идната среда ќе му бидат приложени доказите за да може да ја состави одбраната.
-
Македонија 17.03.2017 14:05
Поднесена иницијатива за седница во Собранието
Зад иницијативата на СДСМ за продолжување на конститутивната собраниска седница стојат потписите и на пратениците на ДУИ, БЕСА и на Алијансата на Албанците. Од претседавачот Вељаноски бараме веднаш да го свика продолжението.
-
Свет 17.03.2017 13:59
Руси со месеци го хакирале меил сервисот Јаху
Руски хакери со месеци, а можеби и со години го пробивале и-меил сервисот Јаху, и така успеале да дојдат до лозинките на 500 милиони корисници, тврдат извори од американските безбедносни служби.
-
Македонија 17.03.2017 13:47
Пукање во близина на кумановската касарна „Боро Менков“
Непознато лице од возило во движење вчера попладне испукало неколку куршуми од огнено оружје во близина на касарната „Боро Менков“ во Куманово, соопшти денеска МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол.
-
Македонија 17.03.2017 13:36
Пристигнати 290 барања на субвенции за купување печки на пелети
На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13.03.2017 година поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните.









