Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Истанбул кој се урнал кратко по полетувањето и удрил во телевизиска кула.
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски државјанин. Причина за несреќата е веројатно густата магла.
Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Истанбул кој се урнал кратко по полетувањето и удрил во телевизиска кула.
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски државјанин. Причина за несреќата е веројатно густата магла.
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. За денеска се најавени маршеви во повеќе градови во земјава.
Се бара зачувување на унитарноста на државата, да не се менува Уставот поради најавената платформа, која е потпишана во друга држава.
Пораката до земјите од Западен Балкан е јасна: Европската унија останува верна на ветувањата дадени во Солун и целосно е посветна на стабилноста и просперитетот на регионот, порача на синоќешната прес- конфернција, претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск.
Рочиштето за случајот насилство пред општина Центар се одложи за 3-ти мај затоа што обвинетите не беа присутни во судницата.
Електрани на Македонија ќе увезе 32 илјади 710 мегават-часови електрична енергија во периодот од 11-ти март до 30-ти април, по просечна цена од 36,4 евра- соопшти компанијата. Избрани се најповолните понуди на спроведената аукција, на која учествувале девет оператори.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека системите на ЦИА мора да се модернизираат откако „Викиликс“ објави архива документи поврзани со кибернетичка шпионажа на Агенцијата.
Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивото на Охридското Езеро е девет сантиметри над дозволениот минимум, соопшти УХМР.
Од 12:30 до 15:30 часот денеска ќе има 15- минутен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид после планинскиот превој Пресека, кај село Врбјани.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во караулата „Рамна нива“ во близина на Крива Паланка ќе се обрати на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од припадниците на Армијата на Република Македонија и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната