Непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност кон Музејот на албанската азбука во Битола. Оштетени се стаклото од влезната вратата, прозорец и спомен- плочата на објектот, информираат од Битолската полиција. Инцидентот бил пријавен околу 4 часот изутринава.
Вести
-
Македонија 07.03.2017 15:58
-
Македонија 07.03.2017 15:43
Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“
Продолжи судскиот процес за „Диво насеље“. Сведочеа обвинетите Фадиљ Ељшани и Есат Кафиѓоли. Тие ја повторија истата причина за нивното доаѓање на територијата на Република Македонија како и обвинетите кои сведочеа на претходните рочишта.
-
Македонија 07.03.2017 15:38
Претседателот Иванов го осуди инцидентот во Битола
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов најостро го осудува денешниот инцидент во Битола во кој беше нападнат објектот на Националната установа „Музеј на албанската азбука“.
-
Економија 07.03.2017 15:34
Метеж на шалтерите: Последна недела за даночна пријава
Метеж пред шалтерите на Управата за јавни приходи. Уште една недела останува до истекот на крајниот рок, 15-ти март, до кога даночните обврзници треба да ги достават годишните пријави. Досега се пристигнати 220.000 пријави, најмногу се поднесени во Скопје.
-
Економија 07.03.2017 15:22
Државна ревизија: Успешна работа, но нема повратни информации
Државниот завод за ревизија повеќе од добро си ја врши работата со оглед на ресурсите со кои што располага, но недостига разгледување на неговите извештаи во другите институции како и постапување по неговите препораки, е оценка на Центарот за економски анализи, кој го изготви првиот квартален изв
-
Македонија 07.03.2017 15:15
Јолевски: Состојбата на јужната граница е мирна и стабилна
Мирна и стабилна е состојбата на јужната граница, вели министерот за одбрана Јолевски, по посетата на припадниците на АРМ во Богданци. Македонија е подготвена соодветно да реагира, доколку дојде до промена на состојбата, додава Јолевски.
-
Економија 07.03.2017 15:03
Во јануари пад на индустриското производство за 2,6 проценти
Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари лани бележи пад од 2,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
-
Свет 07.03.2017 15:01
Туск: ЕУ ќе ги исполни ветувањата за Западен Балкан
Европската унија ќе остане ангажирана за Западен Балкан и ќе ги исполни ветувањата, наведува претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во писмото испратено до лидерите на Европска унија.
-
Македонија 07.03.2017 14:49
Иванов: Осуда и отфрлање на платформата од Тирана
Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Под покровителство на ЕУ и на САД се постигна договорот од Пржино за организирање предвремени парламентарни избори и формирање влада која најпрво ќе се фокусира на итните реформски приоритети.
-
Македонија 07.03.2017 14:43
Метео: Врнежи и пад на температурите
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе облачно време со врнежи од дожд и снег на планините.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови каде на места ќе наврне и над 30 литри на метар квадратен.
Можна е и појава на ретки грмежи во југоисточните региони.










