Буџетот за производство на домашна документарна и играна програма за годинава тежи 31 милион денари. Ваква одлука донела Владата на последната седница. Станува збор за исплата на надоместок за покривање на трошоците во висина од 50 насто при производство на програма.
Вести
-
Култура 17.02.2017 12:54
-
Економија 17.02.2017 12:48
Нови 10.000 работни места со Оперативниот план за вработување за 2017-та
Вкупно 873 милиони денари се обезбедени за реализација на Оперативниот план за 2017-та година за спроведување на 22 мерки за вработување и 11 услуги на пазарот. Се очекува отворање на 10.000 работни места, со што невработеноста треба да падне под 22 насто наредната година.
-
Економија 17.02.2017 12:24
Откупени 24,4 милиони килограми тутун
Откупот на тутунот е во завршна фаза. До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.
-
Македонија 17.02.2017 12:22
Нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство
Со цел заштита на домашното производство, Државниот инспекторат за земјоделство изготви нови фитосанитарни сертификати. Со нив ќе се овозможи максимална заштита на растителните стоки од домашно производство и се потврдува квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт.
-
Македонија 17.02.2017 12:14
За викендот променливо облачно со повремен дожд
Во текот на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, кои на планините во попладневните часови ќе поминуваат во снег.
-
Свет 17.02.2017 11:38
Јункер: Ќе бидат потребни повеќе од две години за излез на Британија од ЕУ
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер тврди дека ќе бидат потребни повеќе од две години за постигнување на договорот за сите прашања поврзани со излезот на Велика Британија од Унијата.
-
Македонија 17.02.2017 11:31
Граничниот премин Евзони отворен за сообраќај
Граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ.
Поради штрајк на грките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец.
-
Свет 17.02.2017 11:12
Тилерсон- Лавров: Кремљ да се придржува до своите обврски кон Украина
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на првата билатерална средба во Бон со својот руски колега Сергеј Лавров му порачал дека Кремљ мора да се придржува до своите обврски кон Украина, ако сака подобра соработка меѓу Москва и администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
-
Македонија 17.02.2017 10:36
ОМД: Обновена Конгресната група за пријатели на Македонија во САД
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека синоќа конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенцилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) ја обновија Конгресната група на пријатели за Македонија и Македонските- Американци за 115-от Конгрес.
-
Свет 17.02.2017 10:31
Трамп подготвува нов указ за имиграцијата
Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува нова наредба за имиграцијата која ќе биде објавена следната недела. „Новиот документ ќе ја заштити нашата земја“, додаде тој.










