Приврзаниците на албанската опозициска Демократска партија протестираа пред кабинетот на премиерот Рама, ветувајќи дека нема да заминат сѐ додека не даде оставка, што е предуслов за слободни и праведни избори.
Вести
-
Свет 20.02.2017 14:41
-
Македонија 20.02.2017 14:07
Жбогар: Позицијата на ЕУ во однос на СЈО е непроменета
Позицијата на Европската унија во однос на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е непроменета- вели амбасадорот Самуел Жбогар. Според него, потребни се време и простор за СЈО да ја заврши својата задача.
-
Економија 20.02.2017 13:52
Преку програмата за самовработување ќе бидат опфатени 1.050 невработени
Годинава преку програмата за самовработување ќе бидат опфатени 1.050 невработени, за што ќе бидат инвестирани 264 милиони денари. Тие се предвидени за опрема, за бизнис планови, обуки и за регистрирање на бизниси.
-
Македонија 20.02.2017 13:38
Ристовски: Запишани 2.000 студени во проектот „30-35“
Запишани две илјади студенти во проектот „30-35“ на четирите државни универзитети во земјава. Се работи за можноста повозрасни лица (мажи над 35 години и жени над 30 години) да се запишат и завршат додипломски студии.
-
Свет 20.02.2017 13:15
Трамп измисли терористички напад во Шведска
Претседателот на САД се обиде да ги објасни тврдењата околу непостоечкиот терористички напад во Шведска и потенцираше дека забелешките се однесувале на телевизиски прилог за имигрантите.
-
Македонија 20.02.2017 13:12
Метео: Сончево со мала облачност
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови со постепен пораст на дневните температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 20.02.2017 13:00
Железничкиот сообраќај трет ден во прекин
Веќе трет ден возовите не сообраќаат во земјава. Ова е резултат на штрајкот на вработените во Македонски железници- Инфраструктура кои бараат исплата на платите.
-
Македонија 20.02.2017 12:56
Акција „Мрежа“: 30-дневен притвор за петмина осомничени за трговија со дрога
30 дена притвор им одреди судијата на претходна постапка на петтемина осомничени за трговија со дрога кои беа уапсени во полициската акција „Мрежа“.
-
Економија 20.02.2017 12:51
Поевтинуваат дизел горивата, цената на бензините останува иста
Горивата поевтинуваат минамално од полноќ- соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со пониски цени се дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, додека цената на бензините и во наредниве две недели останува непроменета.
-
Свет 20.02.2017 12:34
Министерот за одбрана на САД во ненајавена посета на Багдад
Министерот за одбрана на САД Џејмс Метис, кој е во прва и ненајавена посета на Багдад, тврди дека американската војска не е таму поради нафтата иако претходно претседателот Трамп изјави дека требале да ја задржат по ликвидирањето на Садам Хусеин во 2003 година.










