Вести

  • Македонија 15.02.2017 16:12

    Ќе се подобри водоснабдувањето во Гевгелија

    Наскоро ќе се подобри водоснабдувањето на 17 илјади жители на Гевгелија и на Богданци. Се гради нов водоснабдителен систем кој чини 1,7 милиони евра. Ќе има четири бунари, пумпна и станица за хлорификација на водата, како и резервоар со капацитет од илјада кубни метри.

  • Македонија 15.02.2017 15:58

    Обвинетиот за смртта на Алмир не чувствува вина

    Сакале да направат добрина пропуштајќи му го редот на многу болен човек, го загубиле синот. Заради хуманото дело кобната јунска вечер Бобан Илиќ почнал да се расправа со таткото на Алмир. „Бобан зборуваше на телефон со брат му и ни се закани.

  • Македонија 15.02.2017 15:52

    Партиите размислуваат, дипломатите апелираат

    Социјал демократите во форма на потписи од пратениците на ДУИ го очекуваат одговорот од Мала Речица по што се убедени дека ќе го добијат мандатот за формирање влада.

  • Македонија 15.02.2017 15:44

    Утврдена причината за угинувањето на морскиот лав

    Морскиот лав Аби од скопската ЗОО градина голтнал камен што му го затворил желудникот. Ова е причината за угинувањето на животното- покажала спроведената обдукција од Факултетот за ветеринарна медицина.

    Зоолошката прстот го впери кон неодговорни посетители, а не од вработените. 

  • Македонија 15.02.2017 15:42

    Одобрени 32 проекта преку програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“

    Голем интерес за европските пари наменети за наука, истражување  и иновации во земјава преку проектот „Хоризонт 2020“. Досега ресорното министерство одобрило 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи за кои се распределени 2 милиони евра.

  • Македонија 15.02.2017 15:34

    Метео: Утре сончево, температура до 13 степени

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаб ветер од јужен правец. Дневната температура ќе достигне до 13 степени.

  • Економија 15.02.2017 15:25

    Преку конкурентни идеи до странски пазари

    Претпримачите од земјава да ги интернационализираат идеите, да градат партнерства со мешународни компании – советува претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции, Волфганг Книски.

  • Македонија 15.02.2017 14:59

    Почна судењето за убиството на 4-годишниот Алмир

    Почна судењето на Бобан Илиќ, кој во јуни минатата година го прегази 4-годишниот Алмир. После, баналната расправија со неговиот татко поради непочитување на редот во амбулантата, Илиќ го усмрти малиот Алмир, а ги повреди и неговите родители.

  • Свет 15.02.2017 14:50

    Истрага против поранешниот советник на Трамп

    „Њујорк тајмс“ објави дека американското Федерално истражно биро го испитувало поранешниот советник за национална безбедност на Белата Куќа, Мајкл Флин поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак.

  • Македонија 15.02.2017 14:39

    ЕП усвои резолуција за Албанија: Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари

    Во резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Албанија, Европратениците инсистираат на фактот дека се „потребни напори за да се заштитат правата на малцинствата во Албанија“. Во текстот на резолуцијата е наведено дека е потребно  спроведување на законодавството во оваа област.

Pages