Британската премиерка Тереза Меј наскоро ќе објави детален нацрт-план за процесот на излез од Европската унија.
Со документот ќе се активира членот 50, што е формален процес за напуштање на европскиот блок.
Британската премиерка Тереза Меј наскоро ќе објави детален нацрт-план за процесот на излез од Европската унија.
Со документот ќе се активира членот 50, што е формален процес за напуштање на европскиот блок.
Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна дирекција во Управата за јавни приходи.
Извештаите за несреќи при работа го вклучија алармот за подигање на културата и свеста кај работодавците. Еден работник неделно гине на работно место, посочуваат од Македонското Здружение за заштита при работа. Во 2015-та регистрирани 144 несреќи, 39 со фатални последици.
Високи сметки, слаб сигнал на интернет, ненавремна услуги, прекини во мобилното и фиксното ало– поплаки од граѓаните во контакт центарот на Агенцијата за телефонски комуникации. Лани имало 8.400 повици, за речиси 980-тина е поведена постапка за спор, од АЕК велат 85 насто добиле завршница.
Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија, 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.
Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.
Почна да функционира новиот систем на евиденција на дрвна маса. Со електронскиот начин на следење на дрвото од шумата до крајниот потрошувач се подобрува целиот систем, велат од „Македонски шуми“. Се намалува можноста за манипулации и кражби.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.
Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна Дирекција во Управата за јавни приходи.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Слаб снег провејува во Ресен.