Европскиот парламент сѐ досега го избираше претседателот, во еден или два круга. Но, со оглед на необичната поделба на политичките сили и во отсуство на коалиции кои традиционално се формираат пред гласањето, Парламентот овој пат ќе треба да смета и на суптилностите на Деловникот.
Вести
-
Свет 16.01.2017 12:41
-
Македонија 16.01.2017 12:32
Вајгл: Не е исклучена можноста за нови избори доколку не се формира влада
Не е исклучена можноста за одржување на нови вонредни парламентарни избори, оценува известувачот за Република Македнија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл. Според него, текот на преговорите се одвива во демократски дух.
-
Свет 16.01.2017 12:28
Десетици мртви во авионска несреќа во Киргистан
Најмалку 37 лица, меѓу кои и шест деца, загинаа во Киргистан откако турски товарен авион се урнал врз населено место. Авионот „Боинг 747“ се движел на релација Хонгконг-Истанбул, а се обидел да слета во услови на густа магла на околу 25 км од киргистанската престолнина Бишкек.
-
Економија 16.01.2017 11:56
Синдикалците од „Југохром“ на средба со Димитриев
Претставници на Синдикатот на комбинатот „Југохром“ ќе се сретнат со премиерот, по барањето што го поднесоа пред две недели.
-
Македонија 16.01.2017 11:42
Авиосообраќајот без поголеми проблеми
Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје засега се одвива без поголеми застои.
Според веб страницата на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, а одложено е и пристигнувањето на летот од Виена. Утрово не е реализиран и планираниот лет Скопје - Загреб.
-
Македонија 16.01.2017 11:40
Укината забраната за камиони на Плетвар, останува на Стража и Пресека
Од 10.50 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат. Забраната беше воведена утрово во осум часот од превентивни причини поради обилни врнежи од снег.
-
Свет 16.01.2017 11:30
Парламентот во Турција ги одобри уставните реформи
Турскиот Парламент го одобри пакетот уставни реформи со кои земјата би преминала во претседателски систем на владеење.
Сите 18 измени на Уставот ја добија потребната поддршка од над 330 гласа. За да се потврди првичниот резултат неделава ќе има уште еден круг гласање.
-
Економија 16.01.2017 11:12
БЕГ: Испораката на топлинска енергија се одвива нормално, без посериозни дефекти
Потрошувачите да внимаваат и да спречат мрзнење на инсталацијата и на грејните тела, апелираат од компанијата за снабдување со топлина, Балкан Енерџи Груп (БЕГ).
-
Македонија 16.01.2017 11:04
Битола: Ниските температури предизвикаа проблеми
По двонеделните ниски дневни и сибирски ноќни температури денешните околу нула степени за битолчани се како пролет.
-
Македонија 16.01.2017 10:49
Сообраќајот во зимски услови, забрана за камиони на неколку патни правци
Во Македонија повторно снег. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, претежно по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, информираат од „Македонија пат“.










