Република Српска денеска го одбележува 9-ти јануари, Денот на републиката кој воедно ќе биде и одбележување на 25 години од постоењето.
Вести
-
Свет 09.01.2017 15:20
-
Економија 09.01.2017 15:17
Рударскиот сектор очекува добра година и стабилни цени на металите
Рударскиот сектор во земјава очекува добра економска година затоа што сите позначајни рударски капацитети Злетово, Тораница, Саса и Бучим работат со полна динамика. Статистиката говори дека производството во овој сектор за 11 месеци лани било помало за 16,8% во однос на истиот период во 2015-та.
-
Македонија 09.01.2017 15:11
СДСМ: Македонија се соочува со недостиг на струја
Од СДСМ велат- Македонија се соочува со недостиг на струја, па затоа се распишуваат тендери за интервентен увоз. Од партијата сметаат дека за претходните два дена е набавена струја по цена 36 насто повисока од дозволената увозна цена.
-
Македонија 09.01.2017 15:00
Зоолошка градина: Животните згрижени и на поларни температури
На овие минусни температури ретко кој помислува да ја посети скопската Зоолошка градина. Екипата на Македонската телевизија дојде денеска овде, ги посети животните чии природни услови се од тропски до сибирски, а тие весели и разиграни и секогаш расположени за гости.
-
Македонија 09.01.2017 14:54
Препораки за заштита од студеното време
Не излегувајте надвор без потреба, конзумирајте топли напитоци, не пијте алкохол - препорачуваат од Комисијата за заштита на здравјето на населението од студеното време. советуваат, внимателно кога се движите надвор, многу лесно може да дојде до повреда или скршеница.
-
Македонија 09.01.2017 14:48
Коцијанчич: ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија
Реакција на Брисел по врачувањето на мандатот на Груевски. Европската комисија, вели портпаролката Коцијанчич, бара брзо формирање на влада, по што би следело и спроведувањето на итните реформски приоритети.
-
Македонија 09.01.2017 14:40
Груевски го доби мандатот за формирање влада
На истекот на десетдневниот рок, Претседателот на државата Ѓорге Иванов ја исполни уставната обврска и му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-
Македонија 09.01.2017 13:57
Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Груевски
Претседателот Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.
-
Економија 09.01.2017 13:25
Бензините поскапуваат, дизелот со иста цена
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто.
-
Македонија 09.01.2017 13:09
Телото на бездомникот предадено на обдукција
Вчера во Скопје почина 68-годишен бездомник. Причина е најверојатно студеното време. Телото е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта, пријавена негов другар, исто така бездомник.
Полицијата разговарала и со синот на починатиот.










