Граѓаните да не излегуваат надвор без неопходна потреба, да конзумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да избегнуваат алкохол и соодветно да се облекуваат, препорачува Комисијата за оперативно спроведување на активностите од Акцискиот план за заштита на здравјето н
Вести
-
Македонија 09.01.2017 13:03
-
Свет 09.01.2017 12:54
Продолжуваат преговорите за обединување на Кипар
Лидерите на кипарските Грци и Турци денеска во Женева ги продолжуваат преговорите за повторно обединување на островот, со цел да изнајдат излез од 42 годишниот конфликт.
-
Економија 09.01.2017 12:48
ЕЛЕМ: Интензивно се работи на третиот блок од РЕК Битола
Од ЕЛЕМ велат дека интензивно работат на термоелектарната „Битола 3“ и оти најдоцна до раните утрински часови, овој блок на РЕК Битола ќе се биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем.
-
Македонија 09.01.2017 12:13
Иванов ќе му го врачи мандатот за состав на влада на Груевски
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 13 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.
-
Свет 09.01.2017 12:05
Берлин: Укинување на помош за држави кои нема да примат одбиени азиланти
Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил.
Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.
-
Свет 09.01.2017 10:48
Нигерија: Над 20 жртви во напад на Боко Харам
Петмина нигериски војници и над 15 борци на Боко Харам се убиени во напад на исламистичката група врз воена база во североисточниот дел на Нигерија.
-
Економија 09.01.2017 10:44
Електроснабдувањето стабилно, зголемена потрошувачката на електрична енергија
Состојбата во електроснабдувањето е стабилна.
-
Македонија 09.01.2017 10:37
Сезонски грип: Во Битола по стотина пациенти дневно
Битола зазема високо место на скалата на заболени од сезонски грип. Веќе две недели медицинскиот персонал на Инфективното одделение при Клиничката болница работи без одмор. Дневно, над сто пациенти ја примаат потребнарта терапија.
-
Македонија 09.01.2017 10:32
Скршеници и повреди од паѓање на мраз
Скршениците на нога или рака, како и други повреди од паѓање на мраз ги полнат ординациите во болниците. Околу 50 граѓани во источниот регион побарале помош поради скршеници и повреди. Десетина случаи со фрактури на екстеримитетите имало во Струмица, Велес, Прилеп.
-
Свет 09.01.2017 10:23
Израел: Напаѓачот од Ерусалим бил симпатизер на ИД
Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дек 28-годишниот Фадил Кунбар кој влета во толпа луѓе со камион и уби четири лица во Ерусалим најверојатно бил симпатизер на Исламска држава.
Во нападот беа повредени уште 13 лица. Во меѓувреме биле уапсени 9-мина, осомничени дека биле соучесници.










