Висок кинески владин претставник е избран за претседател на Интерпол. Новиот раководител на Интерпол е досегашниот кинески заменик министер за јавна безбедност, Менг Хонгвеј.
Вести
-
Свет 10.11.2016 12:20
-
Македонија 10.11.2016 12:19
Од 15-ти ноември задолжителна зимска опрема за возилата
Во вторник следната недела, 15-ти ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15-ти март наредната година, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).
-
Култура 10.11.2016 12:06
Почнува 15-от Фестивал на европски филм „Синедејс“
Со српскиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CineDays).
-
Македонија 10.11.2016 11:49
Централниот регистар со продолжено работно време за регистрација на учесниците на изборите
Регионалната регистрациска канцеларија на Централниот регистар на Македонија во Скопјена 11-ти и 15-ти овој месец ќе работи со продолжено работно реме од 8:30 до 00:00 часот со цел регистрација на учесниците во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2016 година.
-
Економија 10.11.2016 11:35
ЕК: Политичката криза и поплавите го намалија растот за оваа година
Политичката криза и поплавите го намалија растот на бруто домашниот производ за оваа година. Наместо 3,7 проценти, ќе изнсува 2,1- проектира Европската комисија во најновата есенска прогноза.
-
Свет 10.11.2016 11:31
Русија: Украински агенти планирале напад на Крим
Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека уапсила група саботери за кои тврди дека планирале напади на воени цели на Крим.
-
Свет 10.11.2016 11:11
Багдади стравува дека ќе биде убиен во Мосул
Водачот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади откри дека стравува дека ќе биде убиен во Мосул поради што го поставил својот прв заменик да го преземе водството доколку тој е убиен.
-
Свет 10.11.2016 10:21
Француската амбасада во Атина нападната со рачна граната
Рано изутрината две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната врз полицискиот пункт пред Француската амбасада во Атина. Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет, полицијата трага по напаѓачите.
-
Македонија 10.11.2016 10:16
Судење на новинарот Зоран Божиновски
Судење на новинарот Зоран Божиновски за денеска е закажано во скопскиот Кривичен суд. Тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.
Некогашниот сопственик на порталот „Буре-весник“ долго време беше во Србија, која потоа го екстрадираше на македонските власти.
-
Македонија 10.11.2016 10:09
ДИК: Утре ќе се објават описите на изборните единици
До утревечер на полноќ во ДИК треба да пристигнат кандидатските листи од сите партии и независни кандидати кои ќе учествуваат на претстојните избори на 11-ти декември. Исто така, ДИК утре ќе го заклучи и избирачкиот список кој се однесува на 7-та изборна единица, односно на дијаспората.










