Во рамки на 15 Фестивал на европски филм „Синедејс“, денеска во Младинскиот културен центар ќе се одржи презентација на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ и работилница за сценарио на Арне Колвајер.
Вести
-
Култура 14.11.2016 10:42
-
Македонија 14.11.2016 10:34
Светски ден на дијабетесот: Предупредување за тивкиот убиец
Расте бројот на заболени од тивкиот убиец во Македонија. Во земјава има околу 185 илјади луѓе заболени од дијабетес, или околу 12 насто од целата популација, покажува истражувањето на здружението „Був“, кое се занимава со истражување на оваа област.
-
Македонија 14.11.2016 10:31
Продолжува судењето на Богоевски
Продолжува судењето на Павле Богоевски, активист на „Шарена револуција“, кое минатиот месец беше одложено.
Богоевски се товари за учество во толпа што извршила кривично дело. Тој на минатото рочиште се изјаснил за невин.
-
Македонија 14.11.2016 10:29
Искршено стакло од возило на делегација на ДУИ
Вчера група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкези, револтирани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.
-
Македонија 14.11.2016 10:26
Дијаспората ќе гласа за три пратеника
Најверојатно ќе се гласа за три пратеника во дијаспората. За тоа се потребни речиси 20 илјади гласа. Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
-
Македонија 14.11.2016 10:21
Хуманитарна акција „Од народ за народ“
Прилепчанката Паре Арапческа подготвена е да помогне, дарувајќи ги предметите од домот кои не ги користи, а имаат уште долг век на траење.
Облека, електрични апарати, мебел, покуќнина. Прилепчани подготвени да дадат за друг да има корист од тоа. Ниту дождот не е пречка.
-
Свет 14.11.2016 10:14
Барак Обама во вторник во Грција
Повеќе од 300 агенти на ЦИА и 3.000 грчки полицајци ќе се грижат за безбедноста на американскиот претседател во заминување Барак Обама, кој што во вторник пристигнува во дводневна посета на Грција.
-
Свет 14.11.2016 10:06
Нов Зеланд: Предупредување за цунами по вториот земјотрес
Нов земјотрес од 6,3 Рихтери го погоди јужниот остров на Нов Зеланд само неколку часа по првиот потрес во кој загинаа две лица. Цивилната заштита издаде предупредување за цунами откако двометарски бранови го прекрија источното крајбрежје по земјотресот од 7,5 степени според Рихтер.
-
Економија 14.11.2016 09:58
Откупот на тутунот може да почне
Мострите се готови и се доставуваат до сите откупувачи со што откупот може да почне.
-
Свет 14.11.2016 08:31
Румен Радев нов претседател на Бугарија, Борисов најави оставка
Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев освои 59,35 проценти од гласовите на вчерашните претседателски избори, соопшти утрово бугарската Централна изборна комисија врз основа на 99,33 отсто преброени гласачки ливчиња.










