Македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ја честита победата на Доналд Трамп. Република Македонија придава исклучително значење на стратегиското партнерство со САД, а заложбата за негово натамошно зацврстување претставува посебен интерес за државата и за нејзините граѓани, стои во писмото.
Вести
-
Македонија 09.11.2016 13:32
-
Економија 09.11.2016 13:15
СИЕР: Укинување на одлуката за „Југохром“
Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство со поддршка за барањата на вработените во комбинатот „Југохром“. Тие бараат укинување на одлуката за запирање на производството, да нема отпуштање на вработените и во најскоро време да се изградат филтер станиците.
-
Македонија 09.11.2016 12:55
IN MEMORIAM: Почина Благоја Божиновски, долгогодишен снимател во МТВ
Почина Благоја Божиновски, снимател во Македонската телевизија. Во 39-годишното работно искуство во јавниот сервис, учествуваше во проектите Одбрана, Армија, Мир, Знање- Имање, Аграр.
Поголем дел од работниот век помина и со новинарите во информативната програма.
-
Македонија 09.11.2016 12:25
Се очекува продлабочување на стратегиското партнерство со САД
Македонија е стратегиски партнер на Соединетите Американски Држави веќе 25 години и по победата на републиканецот Доналд Трамп ништо не се менува во однос на позициите на Вашингтон кон Скопје.
-
Свет 09.11.2016 11:58
Републиканецот Доналд Трамп е новиот американски претседател
Во Америка се случи револуција. Аутсајдерот Доналд Џон Трамп ја победи политичката елита и стана новиот американски претседател. Американските гласачи му дадоа шанса на Трамп да ги оствари своите изборни ветувања за промени почнувајќи од корупцијата во Вашингтон.
-
Македонија 09.11.2016 11:47
ДИК: Потврдите за неосудуваност да бидат издадени навреме
Државната изборна комисија (ДИК) писмено ќе се обрати до сите основни судови со укажување дека до петок на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи и оти кандидатите треба навреме да ги имаат потврдите за неосудуваност.
-
Свет 09.11.2016 10:38
Могерини: ЕУ и САД ќе продолжат заедно да работат
Европската унија и САД ќе продолжат заедно да работат, напиша на Твитер високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во својата прва реакција на резултатите од американските претседателски избори.
-
Свет 09.11.2016 10:32
Путин му ја честиташе победата на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
-
Македонија 09.11.2016 10:18
Бејли: Поддршката на САД кон Македонија останува иста
Поддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени, изјави изутринава американскиот амбасадор Џес Бејли во прес центарот во скопскиот хотел „Александар палас“ каде што се следеа резултатите од претседателските избори во САД.
-
Свет 09.11.2016 10:03
Доналд Трамп е нов претседател на САД
Републиканецот Доналд Трамп е новиот американски претседател. Во говорот по победата изјави дека неговата Влада ќе му служи на народот. Хилари Клинтон го призна поразот. Во двата табора различно расположение, кај Републиканците еуфорија, кај Демократите шок и неверување.










