Вештачката интелигенција зема замав – мора да се мобилизираме за да одговориме на предизвиците. Компаниите се модернизираат, но недостасува работна сила. Бизнисмените бараат промени во високото образование.
Вести
-
Македонија 18.11.2025 14:12
-
Македонија 18.11.2025 13:54
81 година од Првата егејска македонска ударна бригада
Како петгодишно дете носен на грб од постарите браќа и сестри Петре Караваков од селото Пожарско во Воденскиот крај сменил многу животни дестинации до крајната во Прилеп. Со солзи во очите раскажува за животните патешествија како дете бегалец од Егејскиот дел на Македонија.
-
Македонија 18.11.2025 13:35
„1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“
Едно од пет деца во Европа е жртва на сексуално насилство – говорат анализите. Податоците се навистина застрашувачки, но каква е состојбата во Македонија?
За повеќе детали обелоденети на почетокот на националната кампања, известува Ана Јосифоска.
-
Економија 18.11.2025 13:33
Почна откупот на тутунот
Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот со што е отворена откупната кампања за годинашнава реколта тутун. Како поминува првиот ден кога на вага се мери целогодишниот труд на производителите и какви се цените, известува Елизабета Мистреска.
-
Македонија 18.11.2025 13:29
Предлог за анкетна комисија за пожарот во „Пулс“
Паралелно со почетокот на судењето, сè уште отворено е прашањето дали ќе има надзорна расправа за трагедијата во „Пулс“.
-
Македонија 18.11.2025 13:20
Пратенички прашања на опозицијата
По локалните избори, прва пленарна седница на која опозицијата поставува прашања до премиерот и министрите во Владата.
Од Собранието известува Миле А. Ристески
-
Македонија 18.11.2025 13:15
Алиу: Ќе бидат објавени имињата на докторите и болниците кои непотребно направиле операции
На 11 состаноци интерната комисија за утврдување на основаноста на кардиоваскуларни интервенции, освен што ги разгледувале документите за секој пациент, повикуван бил и лекарот што ја вршел таа интервенција.
-
Македонија 18.11.2025 13:15
Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“
Утре во 09.30 во судницата во Идризово почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ во Кочани која зема 63 човечки животи. На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети. Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност.
-
Економија 18.11.2025 12:50
Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока
Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
-
Македонија 18.11.2025 12:41
Лишени од слобода двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
Вчера околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија.










