Почна откупот на тутунот, се презедоа првите количества од годинашнава реколта. Прилепскиот комбинат отвори 34 пункта.
Тутунарите се на вага. Процената, велат е во ред, но бараат повисоки цени.
Почна откупот на тутунот, се презедоа првите количества од годинашнава реколта. Прилепскиот комбинат отвори 34 пункта.
Тутунарите се на вага. Процената, велат е во ред, но бараат повисоки цени.
Денес во Министерството за надворешни работи се одржа средба посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
Респираторните вирози актуелни на Детското одделение во Куманово. Од здравствената установа информираат хоспитализирани се 28 дечиња, на различна возраст. За грип и останатите сезонски вируси, допрва се очекува бројот да расте.
Уставни измени за деблокада на европскиот пат, отстранување на формулацијата 20% за албанскиот јазик во уставот, и одлучувањето со Бадентер и во Уставниот суд. Ова се трите услови на Зијадин Села за негов влез во Владата.
Семејствата бараат правда, правосудството исправено пред најголемиот тест досега. Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Со илјадници докази на маса, Обвинителството ќе се докажува вина на 37 обвинети, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност.
Дваесет и три годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија. Три месеци ѝ се заканувал да не кажува на нејзиниот татко. Обвинителството вели има докази. Осомничениот е во притвор.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа барањето за формирање Анкетна комисија и надзорна расправа за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, кое е едно од клучните барања на семејствата на жртвите.
Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.
По силното невреме што ја погоди Словенија, пожарникарите стигнаа до отсеченото село Кожбана, каде дождовите и лизгањето на земјиштето направија штета од неколку милиони евра. Околу 150 жители беа изолирани поради непроодни патишта.
Советот за безбедност на ОН го одобри американскиот мировен план за Газа. Меѓународни сили во координација со Израел, Египет и палестинската полиција, ќе ги обезбедуваат границите, ќе ја демилитаризираат Газа и ќе ги штитат цивилите.