Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама, упати писмо со честитки до Македонија по повод Денот на независноста, 8-ми септември.
Вести
-
Македонија 07.09.2016 12:28
-
Македонија 07.09.2016 12:25
Донација од Русија за поплавените
Авион со донација од Руската федерација се очекува да пристигне денеска во вечерните часови во Македонија, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Свет 07.09.2016 12:02
Бегалска криза: Во Кале ќе се гради ѕид со британски средства
Во францускиот град Кале ќе се изгради четириметарски ѕид со британски средства, за да се спречи бранот илегални мигранти од Франција во Велика Британија.
-
Свет 07.09.2016 11:44
ИД уби тројца турски војници
Тројца турски војници загинаа во напад на Исламска држава во Сирија. Ова се првите жртви од Турција откако официјална Анкара почна прекугранична офанзива.
-
Свет 07.09.2016 11:25
Хемиски напад во Алепо, повредени 80 луѓе
Сириските владини сили се обвинети за хемиски напад во предградијата на Алепо, при што се повредени 80 луѓе. Минатомесечната истрага од Обединетите Нации покажа дека користеле хлор најмалку во два напада, но тие негираат дека се служат со хемиско оружје.
-
Свет 07.09.2016 10:42
Анкета: Трамп со 45% поддршка, Клинтон 43%
Според најновите изборни анкети, Републиканецот Доналд Трамп ја претрка за два процента ривалката од Демократите Хилари Клинтон. За него би гласале 45%, додека за Клинтон 43%.
-
Економија 07.09.2016 10:31
Вратени 29 милиони евра по основ државни хартии од вредност
Министерството за финансии денеска по основ на доспеани државни хартии од вредност врати 1,78 милијарди денари или 29 милиони евра. Согласно календарот, до крајот на месецов доспеваат за исплата 8 аукции, додека закажани се три нови аукции, информираат од ресорот финансии.
-
Македонија 07.09.2016 10:20
Свечена академија и „Бела ноќ“ за Денот на независноста
Со манифестацијата „Бела ноќ“ почнува одбележувањето на 25 години од Денот на независноста на Македонија. Во пресрет на државниот празник, вечер во МНТ ќе се одржи Свечена академија на која ќе говори претседателот Иванов.
-
Свет 07.09.2016 10:16
Ѓукановиќ: Демаркацијата е прашање на Косово
Според црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово е прашање на Приштина. Нагласи дека неговата земја ги спровела сите потребни активности така што нема несогласувања со властите во Косово во врска со граничната линија.
-
Македонија 07.09.2016 10:09
Тутунарите очекуваат помал род, но со подобар квалитет
Со приближувањето на крајот на бербата, тутунарите годинава очекуваат помал род, но со подобар квалитет од ланскиот.
За оваа сезона склучени се 30.000 договори со 10 монополи кои од тутунопроизводителите сакаат да откупат 26.000 тони.









