ФРОДЕМ вели Специјалното јавно обвинителство во случајот „Шпион“ требаше да изнесе и предложи нови факти и околности поврзани со прислушуваните разговори, но, тоа не го стори.
Вести
-
Македонија 06.09.2016 13:24
-
Економија 06.09.2016 13:19
Ребаланс на буџет: Расправа за поднесените амандмани од опозицијата
Почна комисиската расправа за 11-те амандмани на ребалансот на буџетот, поднесени од опозицијата. Од СДСМ сметаат дека можат да се обезбедат 27 милиони евра за обесштетување на жителите од поплавените региони во Скопје и во Тетово, без земјава да ги користи парите од еврообврзницата.
-
Македонија 06.09.2016 13:17
Еден месец по катастрофалното невреме
Еден месец по поплавите, трагите од потопот во зафатените подрачја сѐ уште забележливи. Водата е исцрпена од домовите, но мештаните работат на санирање на објектите по последиците што ги оставија поројните дождови.
-
Македонија 06.09.2016 13:07
Турција: Автобус со македонски туристи удри во шлепер
Еден загинат, 37 повредени од кои пет во тешка состојба. Македонски автобус со туристи удри во шлепер 40-тина километри пред турско-грчката граница.
22-ца од повредените биле префрлени во најблиската болница во Малкара, 17 биле транспортирани во Кешан. Во притвор се двајцата возачи.
-
Македонија 06.09.2016 12:48
Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Амбасадата на Обединетото Кралство
Министерството за правда и Амбасадата на Обединетото Кралство потпишаа меморандум за соработка со кој преку механизми и алатки се цели кон подобрување на квалитетот на правдата, преку градење капацитети за судиите и мониторирање на судските реформи.
-
Македонија 06.09.2016 12:41
Македонска туристка се удави на Крф
Седумдесет и шестгодишна туристка од Македонија се удавила во морето кај гратчето Мораитика на југоисточниот дел на грчкиот остров Крф, потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија.
-
Свет 06.09.2016 12:31
Дуерте изрази жалење за навредливите зборови кон Обама
Средбата Обама-Дуерте е откажана поради навредите кои филипинскиот претседател му ги упати на својот колега од САД. Го предупреди да не се меша во стратегијата, нарекувајќи го „кучкин син“, Револтиран од сомнежот на Обама за методите коишто се користат против криминалците на Филипините.
-
Свет 06.09.2016 12:09
Клинтон: Загриженост поради докази за вмешаност на Русија во изборите во САД
Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон изрази загриженост поради докази за вмешаност на русија во претстојните избори, алудирајќи на хакирањата на електронската пошта од демократскиот национален одбор.
-
Македонија 06.09.2016 11:25
МНР е во контакт со надлежните институции во Турција, информации за повредените на дежурните телефони
Министерството за надворешни работи потврди дека доцна синоќа во Турција, на 10 километри од Малкара и околу 40 километри до грчко-турската граница се случи сообраќајна незгода помеѓу туристички автобус во кој се превезувале македонски државјани и камион.
-
Македонија 06.09.2016 11:20
Зад затворени врати продолжува судењето за случајот „Дивa населба“
По еден месец пауза, во големата сала на Врховниот суд, продолжи судскиот процес за случувањата во кумановската „Дива населба“. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци.









