Идната недела стартува изградбата на првата зграда со станови за припадниците на АРМ. Интересот е голем, велат од одбраната. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска се обрати пред кандидатите за стан од проектот „АРМ мој вистински дом“.
Вести
-
Македонија 02.09.2016 11:52
-
Свет 02.09.2016 11:32
Ердоган: Можни се нови промени во владата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави можни нови промени во владата по оставката на министерот за внатрешни работи.
-
Македонија 02.09.2016 11:15
Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување
Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување. Ќе се врши според методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.
-
Свет 02.09.2016 11:05
САД: За првпат се уништуваат комарци- пренесители на Зика
Во Соединетите Американски Држави за првпат се спроведува акција за уништување на комарците преносители на вирусот Зика.
Опасните инсекти биле откриени во Мајами, на југоистокот од сојузната држава, каде што претходно веќе беа регистрирани десетици заразени.
-
Свет 02.09.2016 10:42
Спасени над 1.700 мигранти во близина на либискиот брег
Над 1.700 мигранти биле спасени во близина на брегот на Либија, со што вкупниот број на луѓе кои неделава биле спасени во Средоземното Море се искачил на над 14.000.
Британските медиуми посочуваат дека и натаму се засилува напливот на мигранти кон јужното крајбрежје на Европа.
-
Македонија 02.09.2016 10:28
Истекува рокот за пријавување штети од невремето
Денеска до крајот на работното време истекува рокот за пријавување штети од невремето во скопскиот и во тетовскиот регион.
-
Свет 02.09.2016 10:22
Турција: Отстранети уште 8.000 припадници на силите за безбедност
Околу 8.000 припадници на силите за безбедност се отстранети од должноста во најновата чистка во Турција по неуспешниот обид за државен преврат во земјата.
Отстранетите припадници на силите за безбедност се обвиниети за врски со организаторите на пучот.
-
Македонија 02.09.2016 10:20
Попоски на министерски состанок во Братислава
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Братислава ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
-
Свет 02.09.2016 10:18
Пакистан: Самоубиствен напад врз христијани
Најмалку четворица атентатори самоубици рано изутрината извршија напад во регион населен со христијани во северозападен Пакистан.
Во нападот биле ранети и тројца припадници на безбедносните сили и двајца чувари.
-
Македонија 02.09.2016 10:14
Субвенции за набавка на добиток
Огласот е за набавени јуници, овци, кози и свињи, а висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.










