Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори.
Вести
-
Македонија 01.09.2016 14:08
-
Македонија 01.09.2016 13:51
Охридското Езеро порибено со подмладок од пастрмка
Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 2, 2 милиони единки рибен подмладок на охридска пастрмка. Како што велат експертите од Хидробиолошкиот Завод, доколку само сто илјади од нив ги преживеат суровите езерски услови, тоа ќе биде сосема доволно за природен прираст на пастрмката.
-
Свет 01.09.2016 13:15
Врие во Косово: Полиција пред собранието и владата во Приштина
Стотина косовски полицајци со опрема за разбивање на демонстрации се распоредени околу зградите на косовското Собрание и Владата во центарот на Приштина, каде што се одржуваат протести против одлуката за демаркацијата со Црна Гора.
-
Македонија 01.09.2016 13:05
Смени во МВР, БЈБ и во УБК
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка, соопшти портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев. Оставката е прифатена од премиерот Емил Димитриев и е испратена до Собранието. За нов министер за внатрешни, се предлага професорот Оливер Андонов.
-
Свет 01.09.2016 12:59
Прекин на огнот во конфликтната зона во Источна Украина
Во сила стапи прекинот на огнот во конфликтната зона во Источна Украина. Договорот беше постигнат на средбата на Контакт групата на 26 август во Минск, поради почетокот на новата учебна година.
-
Македонија 01.09.2016 12:55
Почна учебната година, околу 22.000 првачиња во училишните клупи
Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година за околу 300.000 ученици. За прв пат во училишните клупи седнаа речиси 22.000 првачиња.
-
Македонија 01.09.2016 12:36
Договорени избори на 11-ти декември, од утре течат роковите
По седум часа разговори, со паузи за внатрепартиски консултации, лидерите на четирите политички партии се договорија предвремени парламентарни избори да има на 11-ти декември. Со потписите, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи потврдуваат дека сите услови за одржување избори се исполнети.
-
Свет 01.09.2016 12:03
Најмалку 11 жртви, 17 исчезнати во тајфунот во северна Јапонија
Најмалку 11 луѓе загинаа, а 17 се водат за исчезнати во тајфунот во северна Јапонија. Во поплавите загинаа 10 лица, од кои деветмина во еден дом за стари лица.
Уште едно тело е пронајдено во близина на старечки дом, а еден човек загина во градот Куџи.
-
Македонија 01.09.2016 11:52
Почувствуван земјотрес во западна Македонија
Земјотресот што беше почувствуван ноќеска 00 часот и 20 минути во западна Македонија бил со интензитет од три степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Свет 01.09.2016 11:45
Протести во Бразил по отстранувањето на Русеф
Бразилската Влада го отповика амбасадорот во Венецуела за консултации. Каракас го осуди отстранувањето од функција на претседателката Дилма Русеф, нагласувајќи дека станува збор за „парламентарен пуч“.










