Во групата „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ во јули годинава споредено со јули лани е евидентирано зголемување на прометот, номинално за 7,2 процента, а реално за 7,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вести
-
Економија 31.08.2016 12:37
-
Свет 31.08.2016 12:29
Меркел: Реагиравме предоцна за бегалската криза
Канцеларката Ангела Меркел призна дека Германија реагирала предоцна и покрај многубројните докази за бегалска криза.
Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“, Меркел изјави дека проблемот им го препуштила на Шпанија и на другите земји да се справуваат со нив.
-
Економија 31.08.2016 12:23
„Епл“: 14 милијарди долари не менуваат ништо
Компанијата „Епл“ објави соопштение до своите инвеститори, во коешто наведува дека даночните побарувања од Европската Унија, од скоро 14 милијарди долари, нема да променат ништо.
Иако има над 200 милијарди долари резерви на своите сметки, компанијата планира да го обжали решението.
-
Македонија 31.08.2016 12:08
Вељаноски: Македонија посветена на регионалната соработка и добрососедските односи
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се обрати на првиот дел на Парламентарниот состанок на земји од Централно- источна Европа на тема „Преродба на Европската Унија и регионалната соработка во Централна и Источна Европа“, кој се одржува во Варшава, Полска
-
Македонија 31.08.2016 11:50
Утре почнува учебната година
Учениците утре ќе се врaтaт вo училишните клупи. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци.
-
Свет 31.08.2016 11:45
Евакуирани терминали и одложени летови на аеродромот во Франкфурт
Поради пробивањето на безбедноста на аеродромот во Франкфурт беа одложени повеќе летови.
Делови од Терминалот 1 се евакуирани откако патник влегол во ограничената зона, без претходно во цлеост да ја мине безбедносната проверка на еден од најпрометните аеродроми во Европа.
-
Свет 31.08.2016 11:29
Над 10 жртви во тајфун што ја зафати североисточна Јапонија
Над 10 лица загинаа во североисточна Јапонија во тајфунот што предизвика поплави. Девет лица починале во дом за стари и изнемоштени лица, а над 170.000 беа евакуирани.
Јапонската агенција за метеорологија издаде предупредување за поплави и лизгање на земјиштето.
-
Свет 31.08.2016 10:54
Трамп ќе оди во посета на Мексико
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ќе оди во посета на Мексико. На својот профил на Твитер, напиша дека со нетрпение ја очекува средбата со претседателот Пена Њето.
-
Македонија 31.08.2016 10:52
ДИК: Извештајот за пријавените спорни гласачи е конечен
Извештајот за пријавените спорни гласачи е конечен- информира вчера Државната изборна комисија (ДИК).
-
Македонија 31.08.2016 10:41
Нова средба ад хок комисијата за медиуми за избор на петтиот член
Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжи со разговорите чија цел е да се избере петти член на комисијата. Рокот за избор на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец, истече минатата недела.










