Илчо Даскалоски од прилепско Мало Коњари е еден од најпродуктивните земјоделци во пелагониско. Со системот капка по капка и со напредните течни ѓубрива двојно ги зголеми приносите на силажна пченка и ги намали трошоците на производство, обезбедувајќи ја храната за добитокот.
Вести
-
Македонија 30.08.2016 14:53
-
Економија 30.08.2016 14:18
5,6% раст на индустриското производство за седум месеци
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во периодот од јануари до јули годинава забележа раст од 5,6%. Податоците покажуваат раст на индустриското производство од 5,1% и за јули 2016-та година во споредба со јули 2015-та.
-
Култура 30.08.2016 14:00
Средба на Канческа со лауреатот Атвуд
Првпат доаѓа во Македонија и воопшто на Балканот, добитникот на Златниот венец, канадската поетеса Маргарет Атвуд, ги искажа своети импресии од учеството на Струшките вечери на поезијата. Вели да се чита поезија на својот мајчин јазик е прекрасно чувство.
-
Македонија 30.08.2016 13:55
Стајковци: Училиштата се подготвуваат за 1-ви септември
Пред да чукне ѕвончето за старт, се прават последните подготовки. Најраздвижено е во училиштата кои пред неполн месец беа поплавени. Со помош на општината и на невладините, 1.438 ученици во „25 мај“ ќе ги имаат сите услови за настава во новата учебна година, вели директорот.
-
Македонија 30.08.2016 13:30
Не постои навика за пријавување корупција
Судиите, министрите и пратенците се најкорупирани, а секој трет граѓанин се соочил со барање за поткуп, покажува извештајот на Центарот за меѓународна соработка.
-
Македонија 30.08.2016 13:23
Санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена
Потпишан договор меѓу министерството за локална самоуправа и УНДП вреден 330 илјади евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион. Во првата фаза министерството од буџетот одвои 200 илјади евра.
-
Свет 30.08.2016 13:03
Oбјавена радиска комуникација од планот за напад на авионот на турскиот претседател
Во јавноста протече радиска комуникација во која се откриваат планови за напад врз авионот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот кога беше извршен обидот за воен удар. Според транскриптот, пилотите кои учествувале во пучот на 15 јули планирале да го соборат претседателскиот авион.
-
Македонија 30.08.2016 12:46
Загина моторциклист на Средно Водно
На локалниот пат Скопје-Средно Водно синоќа во 23:15 часот во сообраќајна несреќа животот го загуби К.Д. од Скопје.
-
Свет 30.08.2016 11:37
Рид: ФБИ да истражи дали Русија е вмешана во американските избори
Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Хари Рид, бара ФБИ да истражи дали Русија е вмешана во американските избори, вклучувајќи ја и можноста за фалсификување на изборните резултати.
-
Македонија 30.08.2016 11:29
Истече рокот за дополнителна проверка на спорните гласачи
Истече рокот до кога Државната изборна комисија требаше да ги направи дополнителните проверки со спорните гласачи.
Според едногласно утврдениот извештај на комисијата, пријава не поднеле 30.447 од вкупно 39.502 спорни гласачи.










