Вести

  • Свет 16.06.2016 12:51

    Русија прогласи прекин на огнот во Алепо

    Русија прогласи 48-часовен прекин на огнот во сирискиот град Алепо и најави стабилизација на состојбата.

    Одлуката е донесена откако загинаа десетина цивили во воздушните напади на руските и режимските сили.

  • Свет 16.06.2016 12:00

    Бренан: ИД драстично го зголемува својот кадар на Запад

    Директорот на ЦИА Џон Бренан тврди дека Исламска држава драстично го зголемува својот кадар на Запад поради зголемениот притисок предизвикан од засилената антитерористичка тактика.

    Оперативците влегуваат во земјите по легален пат, но и се криумчарат преку бранот бегалци.

  • Македонија 16.06.2016 11:53

    ФЗОМ досега контактирал со 37.814 хронично болни

    Фондот за здравствено осигурување контактирал со 37.814 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања во рамки на проектот „Фондот се грижи за хроничните болни“.

  • Свет 16.06.2016 11:27

    Пронајдени главните локации со остатоци од египетскиот авион

    Специјалната подморница која ги бараше остатоците од урнатиот авион на „Иџипт-ер“ најде неколку главни локации со делови од леталото.

    Ербасот А320 кој леташе на релација Париз- Каиро се урна на 19 мај во источниот дел од Средоземјето.

  • Свет 16.06.2016 11:17

    Пронајдено телото на детето нападнато од алигатор во Флорида

    Полицијата го најде телото на двегодишното момче коешто беше нападнато од алигатор во Орландо. Додека си играло крај езерото во комплексот на Дизни на Флорида, алигаторот го повлекол од брегот.

  • Македонија 16.06.2016 11:11

    Почина родилка од Крива Паланка

    Триесет и седумгодишна родилка од Крива Паланка починала вчера во 15.40 откако претходно била упатена од кумановската болница  кон  Ургентен Центар Карил во Скопје.

  • Македонија 16.06.2016 10:32

    Да се избегнува престој на отворено од 11 до 17 часот

    Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна, се препораките на Министерството за здравство кои вчера ги истакн

  • Македонија 16.06.2016 10:29

    Попоски на министерски состанок на ЦЕИ во Бања Лука

    Шефот на дипломатијата Никола Попоски на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак во својство на претседавач, денеска во Бања Лука ќе учествува на состанокот на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива.

  • Свет 16.06.2016 10:26

    Зелик: Европа да остане економска и политичка унија

    Европа мора да опстане како економска и политичка унија на демократски држави, оценува Роберт Зелик, поранешниот советник за надворешна политика на американскиот претседател Џорџ Буш и поранешен претседател на Светска банка.

  • Свет 16.06.2016 10:14

    Масовни штрајкови и антивладини протести во Грција

    Температурите во Грција растат паралелно со тензиите во општеството. Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун  и денеска го продолжуваат дваесетдневниот штрајк, поради натамошното игнорирање на нивните барања.

Pages