Австрискиот Црвен Крст соопшти дека намерно била опожарена зграда за азиланти во северна Австрија.
Во новоизградената дрвена зграда во градот Алтенфелден, недалеку од границата на Австрија со Германија и Чешка, требало да се сместат 48 луѓе во наредните две недели.
Вести
-
Свет 02.06.2016 11:49
Опожарена зграда на азиланти во Австрија
-
Свет 02.06.2016 11:44
Повредени десетици бегалци во тепачка во бегалскиот камп на островот Лезбос
Десетици бегалци се повредени во тепачка меѓу група мигранти од Авганистан и Пакистан во бегалскиот камп морија на осторовот Лезбос. При судирите избувнал и пожар кој брзо бил ставен под контрола.
-
Свет 02.06.2016 10:35
ЕУ: Одложена визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија
Државите членки на ЕУ, ја одложија визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија. Укинувањето на визите за Косово е забавено, и покрај препораката на Европската комисија за либерализација на визниот режим со овие четири земји.
-
Економија 02.06.2016 10:23
Иднината на земјоделството е во воведувањето иновации
Најнови еколошки начини за заштита на посевите од болести, иновации за наводнување, евтини трактори со џи-пи-ес и тестови за болести кај добиток што секој фармер може да си ги дозволи, ова се само дел од иновациите во земјоделството што беа претставени на самитот во Вашингтон.
-
Свет 02.06.2016 10:17
Поплави низ светот, поројните дождови најмногу ја погодија Европа
Четири лица загинаа во поплавите во Франција и во Германија. Тројцата Германци биле заробени во поплавена куќа, а 86-годишната жена била пронајдена во својот дом во централна Франција. Големите поплави стигнаа и до замокот Шамбор, еден од најпознатите дворци од 16 век.
-
Македонија 02.06.2016 10:10
Хојт Ји: Изборите најдоцна до 2017-та
Избори најдоцна до 2017-та, на ова се надева официјален Вашингтон, доколку се создадат соодветни услови. Ова за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави Хојт Брајан Ји, помошник заменик државен секретар за Европа и Евроазија.
-
Македонија 02.06.2016 10:05
Уште еден месец за пријавување субвенции во земјоделството
До 30-ти јуни земјоделците можат од дома преку компјутери да поднесуваат барања за субвенции до Платежната агенција.
-
Македонија 02.06.2016 09:38
„ЕУ во Македонија“: Кафе пауза со Холандската амбасада
Кафе пауза со Холандската амбасада. Еден од начините за побрза интеграција на ЕУ во Македонија, и на земјава во Унијата.
-
Економија 02.06.2016 08:32
Македонско-либански деловни средби
Македонско-либански деловни средби организираат денеска Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени во Република Либан.
-
Македонија 02.06.2016 08:08
Прва седница на Комисијата за импичмент на претседателот Иванов
Собраниската комисија за импичмент на претседателот што беше формирана по иницијативата на СДСМ, денеска треба да ја одржи првата седница.










