Вести

  • Економија 02.06.2016 16:01

    Либански бизнисмени заинтересирани за деловна соработка со Македонија

    Поттикнување на извозот и услугите во двете земји, економска соработка во делот на недвижностите, угостителството и туризмот, алтернативните извори на енергија, прехранбените производи, аграрот. Либанскиот бизнис- сектор заинтересиран за трговија и извоз со македонските партнери.

  • Македонија 02.06.2016 15:47

    Прва седница на Комисијата за импичмент на Иванов

    Прво комисиско соочување на аргументите меѓу власта и опозицијата за оправданоста за импичмент за претседателот, Ѓорге Иванов. Според Социјалдемократите, со одлуката за помилување, шефот на државата го нарушил владеењето на правото и поделбата на власта.

  • Македонија 02.06.2016 15:42

    УПОЗ на средба во Министерство за правда

    Синдикатот на УПОЗ се состана со советниците на министерот за правда. Им порача дека не отстапуваат од барањата за зголемувањето на додатоците на плата за 35%.

  • Македонија 02.06.2016 15:28

    Полицијата пронајде 39 мигранти во Доброшане

    Вкупно  39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.

    Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“.

  • Македонија 02.06.2016 15:19

    Обвинителството потврди- Крпач се самоубил

    Истрагата потврди – лицето коешто се најде на списокот помилувани Коста Крпач се самоубил.

    Во соопштението од Основното обвинителство се вели дека се уште се работи на утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.

  • Македонија 02.06.2016 13:21

    На скопскиот аеродром спречено нелегално внесување чекови вредни 667 илјади евра

    Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ спречија нелегално внесување чекови во вредност од 667 илјади евра.

    Станува збор за турски државјанин, кој пристигнал од Истанбул и кај кој се пронајдени чековите, што потекнуваат од повеќе странски банки.

  • Свет 02.06.2016 13:18

    Чикаго: Бројот на напади со огнено оружје зголемен за 50%

    Бројот на напади со огнено оружје се зголемил за 50 проценти, соопшти полицијата во Чикаго. Само во последниот викенд загинале 6 лица. Од почетокот на годинава биле убиени 250. Минатиот месец е прогласен за најкрвавиот во последниве неколку години.

  • Македонија 02.06.2016 13:13

    Метео: Претпладне сончево, попладне врнежи

    Утре и за време на викендот во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните ќе има појава на локални врнежи од дожд.

    Ќе дува и слаб до умерен ветер, а температурите нема да бележат позначајна промена. Утре максималната дневна до 30 степени.

     

  • Економија 02.06.2016 13:12

    Винска рута- можност за економски развој

    Со потпишувањето на договорот за културни патеки, Македонија ќе стане регионален лидер во „Винската патека“. Тоа ќе значи дека името на земјава ќе се позиционира во светски рамки во однос на производство на автохтони вински сорти и негувањето на винската култура.

  • Македонија 02.06.2016 13:04

    Почна со работа Комисијата за импичмент на претседателот Иванов

    Во Собранието почна седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поради одлуката за аболиција.

Pages