Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд со можни грмежи.
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд со можни грмежи.
Со премиера на операта „Евгениј Онегин“ од Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, на 9-ти мај се отвораат Мајските оперски вечери. По пауза од 34 години, на сцената на Македонската опера и балет се поставува оваа претстава.
„Орден за воени заслуги“ за полициските единици за специјални задачи „Тигар“ и за брзо распоредување, а посмртно „Медал за храброст“ за осумтемина припадници на безбедносните сили кои лани на 9 мај, загинаа при антитерористичката операција во кумановската населба „Тоде Мендол“.
Градежните работи на регионалниот пат Битола – Ресен – Буково треба да финишираат до крајот на годинава. Инвестицијата изнесува 6 милиони евра – информираше министерот за транспорт, Владо Мисајловски. Ќе бидат реконструирани 27 километри.
Над две илјади осудени лица, најголем дел на издржување на казните во затворот „Идризово“ најавија мирен протест. Ќе го изразат незадоволството од одбивањето на претседателот Иванов за нивно групно помилување.
Изборите во Македонија веќе не треба да се одложуваат, а за исполнетост на условите за избори единствено надлежна е да се изјасни Државната изборна комисија, а не некој однадвор, изјави хрватската европратеничка Маријана Петир пред почетокот на дебатата за политиката на проширување на ЕУ.
Властите на канадската провинција Алберта прогласија вонредна состојба поради големиот пожар. Досега се хоспитализирани 105 луѓе. Во градот Форт Мекмари се евакуирани 100.000 жители, а оштетени се над 1.600 објекти.
Белгискиот парламент усвои законски измени, според кои мигрантите, кои нелегално пристигнале во пристаништата ќе бидат казнувани со затвор од шест месеци до една година.
До ноќеска на полноќ политичките партии до oпштинските изборни комисии (ОИК) треба да достават предлози за членови на избирачките одбори (ИО) и нивни заменици, заради формирање односно евентуално дополнување на ИО со нови членови и заменици.
Предизборниот штаб на милијардерот Доналд Трамп, кој остана едиствен претендент за номинација на Републиканската партија за претседател на САД, планира да собере една милијарда долари за кампањата.