На полноќ истече рокот за пријавување на претставници на партиите за претседател, потпретседател и членови во општинските изборни комисии.
Вести
-
Македонија 06.05.2016 10:20
-
Македонија 06.05.2016 10:19
Јолевски на меѓународен форум за глобална безбедност во Будва
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре учествува на меѓународниот форум за глобална безбедност што се одржува во Будва, Црна Гора.
Јолевски ќе говори на панелот посветен на заштитата на границите на ЕУ и Југоисточна Европа, предизвикан од мигрантската криза.
-
Свет 06.05.2016 09:59
Избори во САД: Републиканците ќе го изгубат мнозинствотот во Сенатот, но ќе го задржат во Конгресот
Американските гласачи во ноември ќе гласаат за избор на претседател, но и за избор на конгресмени и сенатори. Номинацијата на Доналд Трамп како претседателски кандидат, ќе наштети на Републиканската партија, оценуваат аналитичарите.
-
Македонија 06.05.2016 09:54
Електронско пријавување субвенции до 30-ти јуни
До 30-ти јуни земјоделците ќе можат од дома, преку компјутер, да поднесуваат барања за субвенции до Платежната агенција.
-
Македонија 06.05.2016 08:28
Одбележување на Денот на македонската полиција
Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 7-ми Мај - Денот на македонската полиција.
-
Култура 05.05.2016 19:13
Врвна интерпретација на Калиопи на првата проба во Стокхолм
Македонската евровизиска претставничка Калиопи вчеравечер на големата сцена во Глоуб арената во Стокхолм ја одржа првата техничка (некостимирана) проба. После едномесечната и многу успешна промоција низ регионот и Европа, конечно „Дона“ загрме и на евровизиската сцена.
-
Македонија 05.05.2016 16:49
Нема протест на затвореници во Идризово
Протест на затворениците воопшто не бил ниту најавен, ниту пак се случил, вели директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски. Според него, состојбата во казнено-поправната установа е редовна и се реализираат посетите на затворениците од нивните семејства.
-
Македонија 05.05.2016 16:45
Со комеморација одбележан Јом Ашоа
Со палење меморијални свеќи се одбележаа 73 години од востанието и смртта на шест милиони евреи во Варшавското гето. Денешниот ден е ден на херојството достоинството и непокорот на човекот, рече директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио.
-
Економија 05.05.2016 16:37
Ако кризата продолжи, економскиот раст ќе достигне најмногу 1,6%
Народна банка со две сценарија за движењето на македонската економија. Ризиците се присутни и во двете проекции, вели гувернерот. Според Богов, сега е пореална попесимистичката прогноза, којашто предвидува забавување на кредитната активност и на растот, под услов да продолжи политичката криза.
-
Македонија 05.05.2016 16:25
Бејли: САД и ЕУ работат за решавање на политичката криза
Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, вели дека САД и Европската унија работат заедно во обид да се заврши политичката криза. „Има некои пречки. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“ – рече Бејли.









