За денеска и протести и контрапротести во Кавадарци. „Протестирам“ со барања за оставка од Иванов, избор на експертска влада, суспендирање на предвремените избори, формирање посебно одделение во кривичниот суд за предметите од СЈО.
Вести
-
Македонија 27.04.2016 13:06
-
Свет 27.04.2016 12:52
Белгија го екстрадира Абдеслам
Белгија го екстрадира Салах Абдеслам во Франција, осомничен за нападите во Париз. На 18 март во Брисел, 26-годишниот Французин беше ранет и уапсен во полициска рација. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламска држава.
-
Економија 27.04.2016 12:47
Кинескиот пазар- потенцијал за македонските компании
Има можности за продлабочување на економската соработка со Кина. Како еден од најголемите пазари македонските компании ќе можат да го зголемат извозот преку Саемот за инвестиции кој ќе се одржи од 9-ти до 12-ти јуни.
-
Македонија 27.04.2016 12:45
ДИК го усвои извештајот од проверките на избирачкиот список
Државната изборна комисија го усвои извештајот од вкрстените теренски проверки на избирачкиот список. Од вчера сите граѓани кои се на привремена на работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници.
-
Македонија 27.04.2016 12:40
Случај „Ќелија“: Рочиштето одложено, одбраната бара увид во доказите
Со читање на обвинителниот акт, во скопскиот Кривичен суд почна судењето во издвоена постапка за 5-мина обвинети за учество во странска војска. Одбраната побара одлагање на рочиштето, со тврдење дека сеуште не направиле увид во доказите.
-
Македонија 27.04.2016 11:32
Прекинато прскањето против комарци во Скопје
Градот Скопје информира дека најавената авионска и терестрична дезинсекција против комарци, која требаше да се реализира од 23 до 28 овој месец е прекината заради влошување на временската состојба.
-
Свет 27.04.2016 11:30
Се намалува бројот на странски борци што се приклучуваат на ИД
Според американскиот генерал-мајор Питер Герстен, се намалува бројот на странски борци што им се придружуваат на милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија.
-
Култура 27.04.2016 10:53
„Црвената соба“ премиерно во МОБ
По повод Светскиот ден на Танцот 29 Април Македонската опера и балет вечер ќа ја изведе премиерата на балетска претстава „Црвената соба“.
-
Македонија 27.04.2016 10:38
ОМД повикува на смирување на ситуацијата во Македонија
Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) повикува на смирување на ситуацијата во Македонија, сите фактори да се заложат за враќање на мирот и стабилноста.
-
Свет 27.04.2016 10:30
Трамп и Клинтон- најсериозни кандидати за претседател на САД
По прелиминарните избори во Конектикат, Роуд Ајленд, Делавер, Пенсилванија и Мериленд, Хилари Клинтон е се поблиску да стане претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во ноември. Клинтон веќе разгледува 15 до 20 личности коишто може да бидат нејзин Потпретседател.










