Нова железничка несреќа среде национална жалост во Шпанија. Едно лице загина, десетици се повредени откако воз удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз шините по што излетал од правецот во близина на Барселона.
Вести
-
Свет 21.01.2026 19:50
-
Македонија 21.01.2026 19:30
Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана, лишено од слобода е едно лице
На 20.01.2026 во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш.
-
Свет 21.01.2026 19:03
Економскиот форум во Давос епицентар на геополитичките случувања
Швајцарскиот центар Давос – место на историски тест за трансатлантскиот сојуз. Она што започна како спор за Гренланд, ескалираше во најтешката криза меѓу Вашингтон и неговите блиски сојузници.
-
Економија 21.01.2026 18:42
Во декември годишен раст од 10,1 процент на вкупните депозити и од 13 проценти на вкупната кредитна поддршка
Лани во декември вкупните депозити бележат раст од 10,1 процент на годишно ниво, а вкупната кредитна поддршка има раст од 13 проценти, покажуваат резултатите од извештајот на Народната банка (НБ).
-
Економија 21.01.2026 18:23
Мицкоски: Третиот мобилен оператор ќе вложи 100 милиони евра
„Фор ај Џи“ која ја доби дозволата за трет мобилен оператор ќе инвестира 100 милиони евра во земјава информираше премиерот од Давос.
-
Македонија 21.01.2026 18:14
Пресуда за случајот „Геријатрија“
4 годишна затворска казна за поранешниот директор на Геријатрија, Мусхин Арифи и 20 месеци затвор за вработениот Блерим Амити. Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.
-
Економија 21.01.2026 18:00
ССМ на протест за повисоки плати
В среда од 17 часот, Сојузот на синдикати излегува на протест, поради незголемувањето на минималната плата на 600 евра и 100 евра на преостанатите плати. Трендот на ниски плати е неодржлив во Македонија, велат од ССМ.
-
Македонија 21.01.2026 17:37
СДСМ нема да ги поддржи измените на Законот за прекршоци
Нема да го поддржат Законот за прекршоци-одлучи Социјалдемократскиот сојуз, на само два дена пред собраниската седница на која пратениците ќе гласаат за Законот. Според претседателот на партијата, Филипче, предложеното законско решение не е комплетно.
-
Македонија 21.01.2026 17:17
Снегот ги отежна сообраќајот и движењето во Скопје
Снегот го обели Скопје, но предизвика и утрински метеж во градот. Автомобилите и автобусите тешко се пробиваа низ булеварите, луѓето внимателно се движеа по пешачките премини. Граѓаните со поделени мислења колку локалните власти ја завршиле домашната задача.
-
Македонија 21.01.2026 16:59
Предистрагата за судијата Ристов траела со месеци, парите биле пронајдени при вториот претрес
Тазе цемент во куќата било индиција за истражителите да се посомневаат дека во домот на родителите на судијата Ристов се кријат кеш пари. Кога го прашале семејството дали поправале нешто, тие негирале, но неумесно залепените плочки во кујната ја натерало полицијата да ѕирне што се крие зад нив.









