Во Брисел средба на еврокомесарот Јоханес Хан со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Разговорите се завршени. Се очекува официјално соопштение.
Вести
-
Македонија 13.04.2016 13:02
-
Македонија 13.04.2016 12:57
Заев: Политичарите да не ја прифатат одлуката за општа аболиција
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика сите политичари да не ја прифатат одлуката за општата аболиција, која вчера ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов. Според Заев, Иванов донел решенија за помилување на 100 функционери.
-
Економија 13.04.2016 12:48
Катастар: Повеќе се продаваат станови, помалку куќи и деловен простор
Агенцијата за Катастар го објави првиот шест месечен извештај од Регистарот на цени и закупнини на недвижности и склучи договор за користење на податоци од регистарот за цени и закупнини преку веб- сервис.
-
Македонија 13.04.2016 12:37
Ослободен обвинет во случајот „Пуч“
Од Кривичниот суд во Скопје информираат дека Кабинетот на претседателот Иванов до институцијата ја доставил одлуката за помилување на осуденик, при што истата е доставена до затворот, каде човекот издржува казна од три години зад решетки за шпионажа и за неовластено прислушување.
-
Македонија 13.04.2016 12:30
Проект за социјална инклузија на стари лица
Црвениот крст на Република Македонија презентираше стратегија за социјална инклузија на старите лица, финансирана од Европската Унија. Ќе се имплементира во наредните три години во Македонија, и во четири земји во регионот - во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
-
Свет 13.04.2016 11:40
Парламентарни избори во Сирија
Почнаа парламентарните избори во Сирија. Се оддржуваат на територијата на 13 од вкупно 15 провинции во земјата. Исклучок се провинциите Рака и Идлиб, кои се наоѓаат под контрола на Исламската држава и на сирискиот огранок на Ал Каеда - Џебхат Ал Нусра.
-
Свет 13.04.2016 11:03
Евакуиран аеродромот во Амстердам, привдени три лица
Евакуација на аеродромот во Амстердам, тројца приведени. Засега не се соопштува нивниот идентитет.
Се проверувале сомнителни куфери во близина на главниот влез на трговскиот центар „Шипхол плаза“, под кој има железничка станица и е поврзан со салите за заминување и пристигнување.
-
Македонија 13.04.2016 10:46
Хан: Потегот на Иванов не е во линија со владеењето на правото
Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали сѐ уште се можни кредибилни избори, вели еврокомесарот Јоханес Хан.
-
Македонија 13.04.2016 10:42
Реакции на политичките партии за одлуката на претседателот Иванов
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се фрапирани и не се согласуваат со ваквата одлука, бидејќи тие сакале да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации. За СДСМ одлуката на Иванов претставува државен удар. Опозициската партија побара да си даде оставка.
-
Македонија 13.04.2016 10:32
Наумовски: Македонија не ја брани само својата територија, туку и сите држави на север
И покрај одлуката на Европската Унија за затворање на границите за бегалците и нивно враќање во Турција, Грција се уште не го остранува бегалскиот камп на границата со Македонија, од каде честопати потигнати од грчки невладини организации, бегалците и економските мигранти се обидуваат илегално да










