Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Вести
-
Македонија 17.03.2016 12:59
-
Свет 17.03.2016 12:53
Јункер: Јас сум умерен оптимист дека ќе склучиме обврзувачки договор со Турција
Шефот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер изјави дека верува оти Европската Унија би можела да постигне договор со Анкара за надминување на мигрантската криза во пресрет на денешниот Самит во Брисел по тоа прашање, но оцени дека Турција моментално не е подготвена да се приклучи кон ЕУ.
-
Свет 17.03.2016 12:20
Венецуела: Откриени телата на 17 рудари во масовна гробница
17 рудари, кои се сметаа за исчезнати, се пронајдени мртви во масовна гробница во близина на местото каде исчезнале. Венецуелските власти тврдат дека масовното убиство во југоисточната држава Боливар е резултат на конфликтот за контрола врз импровизираниот рудник за злато.
-
Свет 17.03.2016 12:14
Шверцерите на мигранти ги менуваат маршрутите
Шверцерите на луѓе продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, поради што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат.
-
Македонија 17.03.2016 12:02
Заврши првиот модул од обуката на кандидатите за полицајци од 2015-та
Кандидатите за полицајци кои што во 2015-та година ја започнаа едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово, го завршија првиот (четиримесечен) модул од обуката тематски посветен на областа на заштита на јавниот ред и мир, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 17.03.2016 11:55
МВР: Нема издадени нови потврди за азил
Во изминативе 24 часа не се издадени нови потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.
-
Македонија 17.03.2016 11:52
ДИК: Дополнителна контрола на дел од вкрстените проверки
Државната изборна комисија сѐ уште не го усвои извештајот со резултатите од вркстената проверка на податоците од 10-те институции со оние на Министерството за внатрешни работи, од што зависи и теренската проверка.
-
Свет 17.03.2016 11:21
САД: Нови санкции против Северна Кореја
САД воведоа нови санкции против Северна Кореја по претходна наредба на претседателот Обама.
Казнените мерки се одговор на нуклеарната проба што Северна Кореја ја изврши на 6 јануари и истрелувањето балистичка ракета на 7 февруари.
-
Македонија 17.03.2016 10:52
Промоција на монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“
Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“.
На промоцијата е најавено присуство и обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.
-
Македонија 17.03.2016 10:50
Лидингтон: Изборите се лек за политичката криза
Мигрантската криза е предизвик за Македонија. Европа треба да го реши проблемот, вели министерот за Европа Дејвид Лидингтон. Според него, претстојните избори во земјава се можност за лекување на раните од политичката криза.










