Не е вистина дека двајца водачи на групата, која се поврзува со тероризмот во Куманово, биле убиени во полициска станица.
Вести
-
Македонија 25.02.2016 14:58
-
Свет 25.02.2016 14:46
Несреќа во руски рудник, под земја заробени 90 рудари
Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.
Евакуацијата е во тек. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.
-
Економија 25.02.2016 14:23
Мисајловски: Ќе се рехабилитира автопатот Неготино- Демир Капија, инвестиција од 8 милиони евра
На лето почнува реконструкцијата на автопатот Неготино – Демир Капија. Тендерот е објавен, инвестицијата се проценува на 8 милиони евра. Подобрената инфраструктура треба да го олесни протокот на стоки и на патници низ Коридорот 10.
-
Македонија 25.02.2016 14:11
Кривична пријава против две лица за кражба на дрва
Во рамки на оперативната акција „Гора“ е поднесена кривична пријава против две лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ и „помагање“.
-
Македонија 25.02.2016 13:55
Расте бројот на заболени од грип
Се интензивира сезоната на грип. За една недела пријавени се нови 5.040 случаи на заболени– покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.
Ова претставува раст од речиси 20 проценти во однос на претходната недела, или за 2,4 пати повеќе во однос на истиот период лани.
-
Свет 25.02.2016 13:53
Косово утре избира претседател
Косово утре избира нов шеф на државата. Претседателот на парламентот закажа седница на која ќе се гласа за новиот претседател. За да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.
-
Македонија 25.02.2016 13:25
Бегалска криза: Застојот во транзитот создава повратен проток
Застојот во транзитирањето на бегалците низ земјава може да предизвика повратен домино ефект. Чешка, по Австрија, реши да испраќа дополнителни полициски единици на јужната граница.
-
Економија 25.02.2016 13:19
Просечната нето плата во декември 22.715 денари
Просечната месечна нето плата по вработен во Македонија во декември 2015 година изнесувала 22.715 денари и бележи раст од 1,4 отсто во однос на декември претходната година, објави Државниот завод за статистика.
-
Свет 25.02.2016 13:08
Можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул
Турската полиција предупреди за можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул. Во соопштението, испратено до повеќе државни институции се посочува дека главна цел на нападите би можеле да бидат местата на кои има поголем број луѓе.
-
Свет 25.02.2016 12:54
Помошничка на папата Францис пронајдена мртва
Нова афера во Ватикан. 34-годишната Мирјам Вулу, асистентката на папата Францис изутрината е најдена мртва во нејзиниот стан, објави британски „Дејли мирор“.










