Се уште нема договор за медиумите. Работните групи од четирите партии, со белгискиот посредник Питер Ванхауте, засилени со амбасадорите на САД и на Европската унија, Џес Бејли и Аиво Орав, разговараа до два часот наутро.
Вести
-
Македонија 17.02.2016 10:43
-
Свет 17.02.2016 10:36
Нова стратегија на САД против насилниот екстремизам
Новата американска иницијатива за борба против насилниот екстремизам предвидува достапност до моделите за справување со радикализацијата на сите партнери од антитерористичката коалиција. Поддршка на мрежата на безбедни градови во светот што се борат против екстремизмот.
-
Македонија 17.02.2016 10:30
Субвенции за пчеларство
До 10-ти март пчеларите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и опрема.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу 800 илјади за опрема и 600 илјади денари за матици.
-
Македонија 17.02.2016 08:52
Прекини на сообраќајот на патот Кичево-Охрид од 13 до 15 часот
Од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути денеска повремено ќе има прекини на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Врбјани.
Прекинот на сообраќајот е поради изведување на градежни работи (минирање).
-
Економија 17.02.2016 08:47
Караванот за „Купи куќа за млади“ во Велес, Свети Николе и Пробиштип
Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржат презентации во општинските згради во Велес, Свети Николе и Пробиштип.
-
Македонија 17.02.2016 08:43
Претседателот Иванов во Брисел на состанок за мигрантската криза
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Брисел ќе учествува на работната вечера што ја организира претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск на која ќе се расправа за мигрантската криза.
-
Култура 16.02.2016 20:05
Промоција на евровизиската песна на 7-ми март
Македонската Радио Телевизија во понеделник, 07.03.2016 во специјално евровизиско шоу со почеток во 20.15 часот, на својот прв програмски сервис ќе ја промовира официјалната евровизиска песна со наслов „Дона“, со којашто Калиопи ќе ја претстави Македонија на 61-то издание на Изборот за песна на Е
-
Економија 16.02.2016 16:25
Босански „Џој маркетинг“ го проширува бизнисот во Македонија
Босанската компанија која во земјава отвори кол центар ќе отвори дополнителни 100 работни места – најави инвеститорот. Задоволен е од бизнис – климата во земјава. Планот е во наредните четири години, бројот на вработени да се искачи на 500.
-
Економија 16.02.2016 16:11
Австриските компании во Македонија очекуваат раст на бизнисот
58 насто од анкетираните австриски компании во земјава очекуваат годинава сличен бизнис амбиент како и лани, 23 насто полош, 13 насто подобар, а 4% многу подобар.
-
Македонија 16.02.2016 15:32
ФЗОМ ја чека комплетната документација за Ханета
До Фондот за здравство сѐ уште не е доставено барањето за операција во странство на 11- годишната Ханета, која има искривување на пршлените. На Клиниката за ортопедија девојчето било на преглед во закажаниот термин.










