Најмалку 53 лица загинаа во директен судир меѓу автобус и камион во Гана. Тоа е една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во текот на ноќта на околу 400 километри северно од престолнината Акра.










