Вести

  • Македонија 21.01.2016 08:39

    Голомразица на дел од патиштата

    Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, соопшти изутринава Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

  • Македонија 21.01.2016 08:35

    Минусни темпретури низ Македонија

    Продолжува периодот на стабилно, суво и студено време. Најниска температура, минус 14 степени Целзиусови, во Македонија во седум часот изутрина е измерена во Берово, а минус 13 во Битола и минус 12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

  • Македонија 21.01.2016 08:29

    Учениците се враќаат на настава по зимскиот распуст

    За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска е прв училишен ден во второто полугодие од учебната 2015/2016 година.

    Учениците кои беа на распуст од 30 декември 2015 денеска се враќаат во училишните клупи.

  • Македонија 20.01.2016 16:55

    Полска 2016: Македонија во втората фаза, очекувањата позитивни

    Само неколку секунди пред крајот на натпреварот Македонија – Србија, Манасков постигна гол со кој ракометарите влегоа во втората фаза од Европското првенство. Со тоа гледачите ќе може да уживаат во уште три нови натпревари, со Хрватска, Белорусија и Норвешка.

  • Македонија 20.01.2016 16:40

    Еврокомесарот Хан во средината на февруари повторно во Скопје

    Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, според најавите, треба да пристигне во Македонија во средината на февруари, за да ја согледа актуелната состојба со пречистувањето на избирачкиот список и со реформите во медиумите.

  • Македонија 20.01.2016 16:25

    Груевски: 5 нови проекти за младите

    Бесплатен железнички викенд за младите до 27 години, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како дел од партиската програма. Секој прв и трет викенд од месецот, младите ќе добиваат бесплатен повратен билет што ќе може да го користат од петок до понеделник на пладне.

  • Економија 20.01.2016 16:02

    Со државна помош до сопствен бизнис

    Уште девет дена невработените со идеја за бизнис можат да аплицираат за грант за самовработување. Ќе добијат државна помош од најмалку 3.500 евра. Годинава се предвидени 207 милиони денари за 920 мали бизниси. Се очекуваат 1.000 нови работни места.

  • Македонија 20.01.2016 15:47

    Бејли: Ги повикуваме сите партии да учествуваат на изборите

    Амбасадорот на САД во земјава Џејс Бејли  денеска на својот Tвитер профил објави порака со која ги повика сите партии да учествуваат на претстојните предвремени парламетарни избори.
     
  • Економија 20.01.2016 15:26

    Четвртата индустриска револуција во фокус на Светскиот економски форум во Давос

    ММФ по трет пат за една година ја намали прогнозата за растот на светската економија на само 3,4% во 2016-та и 3,6 во 2017-та, што претставува намалување за 0,2 процентни поени во однос на предвидувањата од октомври.

  • Македонија 20.01.2016 15:14

    Метео: Продолжува периодот на суво и студено време

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност проследено со слаб ветер од северен правец.

    Дневните температури секаде ќе бидат над нулата, максималната ќе достигне до 6 степени.

Pages