Претседателските избори во 2016-та се најскапите избори во Соединетите Американски Држави. Очекувањата се дека претседателските кандидати ќе потрошат 5 милијарди долари. Кандидатите настапуваат на митинзи, плаќаат реклами во медиумите, но ги користат и социјалните мрежи.
Вести
-
Свет 21.01.2016 15:59
-
Македонија 21.01.2016 15:52
Ќе се реновира блокот А во домот „Гоце Делчев“
Повеќе од 300 студенти живеат во новото, реновирано крило на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Дотраeниот инвентар е заменет со нов – сега испитите ги подготвуваат во современата библиотека.
-
Македонија 21.01.2016 15:28
Ракомет: Навивачите очекуваат победа против Хрватска
Како затишје пред луња. Наизглед тивко, но реално е многу раздвижено. Црвено- жолтите ја почнуваат втората фаза од европското првенство со коцкастите, Македонија- Хрватска веројатно ќе биде најследениот натпревар досега. Секако, не се знае што е поголемо очекувањето или желбата за победа.
-
Македонија 21.01.2016 15:09
Еврокомесарот Хан на 2-ри февруари доаѓа во Скопје
Добредојдени се првите чекори преземени од страна на опозицијата да остане вклучена, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер. Потсети дека сериозни напори треба брзо да направат владеjачките партии за избирачкиот список, Државната изборна комисија и реформите во медиумите.
-
Македонија 21.01.2016 15:02
70% од докторите кои биле на едукација во странство научиле нова метода
Продолжува едукацијата на медицинскиот кадар во странство. Годинава илјада здравствени работници ќе се образуваат во странство, од кои 800 се лекари.
-
Македонија 21.01.2016 14:50
Почна второто полугодие, за матурантите следната недела екстерно тестирање
За околу 270.000 ученици денеска почна второто полугодие. Основците го дочекаа радосно, а матурантите со книга в рака. Заедно со наставниците ги повторија старите лекции. Наредната недела ќе бидат екстерно оценувани. Велат дека имале време да се подготват и да ги учат прашањата.
-
Македонија 21.01.2016 14:47
Министрите од СДСМ положија заклетва
Во Собранието министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски положија заклетва. Продолжува учеството на опозицијата во владата за спроведување на изборите.
-
Македонија 21.01.2016 13:52
Метео: Ниски температури и за викендот
Утре во Македонија се очекува сончево и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер особено во источните делови и долж Повардарието.
-
Македонија 21.01.2016 13:49
Величковски на состанок на ВК на НАТО во Брисел
Во Брисел состанок на Воениот комитет на НАТО, на кој учествуваат началниците на генералштабовите на земјите- членки на алијансата и на земјите контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“.
-
Свет 21.01.2016 13:45
Брисел: Две лица уапсени поради нападите во Париз
Две лица беа уапсени денеска во брисел поради сомневање дека учествувале во организација на ноемвриските терористички напади во Париз во кои загинаа 130 луѓе.










