Милка Христова од Изборна единица 3 ќе седне на пратеничкото место на Емил Димитриев- едногласно одлучија членовите на Државната изборна комисија. Го усвоија и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2016 година.
Вести
-
Македонија 22.01.2016 10:17
-
Економија 22.01.2016 10:13
Земјоделство: Две нови инвестиции во битолско Новаци
Две нови инвестиции во земјоделството. ЗИК Пелагонија денеска ќе ја пушти во употреба новата централа на биогас, со моќност од 3 мегавати.
Истовремено ќе биде отворена и нова современа фарма со капацитет од 2 илјади млечни крави.
И двата објекта се лоцирани во Новаци, Битолско.
-
Македонија 22.01.2016 10:06
Рекордно производство на „Шпиље“ и „Глобочица“
Хидроцентралите „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство.
-
Македонија 22.01.2016 10:02
Далноводот кон Србија ќе биде пуштен во употреба
МЕПСО денеска ќе го пушти во употреба 400 киловолтниот далновод, што ги поврзува електропреносните системи на Македонија и на Србија.
Во овој капитален енергетски проект долг 70 километри, Македонија инвестираше над 11 милиони евра.
-
Македонија 22.01.2016 09:24
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење на комуникациите од страна на Министерство
-
Македонија 22.01.2016 08:12
Најстудено во Берово и Крива Паланка
Најниска температура во Македонија, минус 13 степени, изутрина во седум часот е измерена во Берово, по што следат Крива Паланка со минус 11 степени и Маврово со минус десет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Економија 21.01.2016 17:08
Брза и ефикасна реализација на проектот „Купи куќа за млади“
Локалната и централната власт ги разгледуваат предизвиците кои стојат пред прокетот „Купи куќа за млади“ со цел брза и ефикасна реализација.
-
Економија 21.01.2016 16:38
Oд мај, Скопје- Прага со авион
По четири години, повторно директен лет од Скопје до Прага. Од 20- ти мај три пати неделно со „Чех ерлајнс“ до една од најраскошните европски метрополи. Билетите се во продажба, интересот голем.
-
Економија 21.01.2016 16:24
Давос: Се бараат нови пристапи за справување со економските предизвици
Новите технологии ги загрозуваат работните места, затоа што светот влегува во ера на брз развој на роботика и на вештачката интелигенција, порачуваат експертите на Светскиот економски форум во Давос.
-
Македонија 21.01.2016 16:16
Судот во Стразбур со две пресуди кои се однесуваат на Македонија
Во еден ден се донесени две многу очекувани пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Република Македонија.










