Жителите на Шипковица изразија благодарност за поддршката што АРМ ја даде за време на августовските поплави. На министерот за одбрана Јолевски, благодарницата му ја врачија претставниците на месната заедница.
Вести
-
Македонија 05.01.2016 15:23
-
Економија 05.01.2016 15:16
Исплатена пензијата на 300.000 пензионери
Денес на сметките на 301.000 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 844 милиони денари.
Просечната пензија во Република Македонија во декември изнесува 13.095 денари.
-
Македонија 05.01.2016 15:07
На пазарите раздвижено, последни подготовки пред Бадник и Божик
Се прават последните подготовки пред Бадник и Божик. Граѓаните ги купуваат потребните намирници. На пазарите радвижено. На влезот се продаваат Бадникови гранчиња.
Секоја година вака носите?
-Секоја година ни е традиција.
-
Македонија 05.01.2016 14:37
Од утре обилни врнежи од дожд
Обилни врнежи од дожд за утре попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.
-
Економија 05.01.2016 13:43
Трговската размена со странство до ноември лани 9,935 милијарди долари
Надворешно-трговската размена на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2015 година изнесувала 9.935.210.000 долари. Вкупната вредност на извозот е 4.123.350.000, а на увозот 5.811.860.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Македонија 05.01.2016 13:22
Божик неработен за сите граѓани, Бадник за православните верници
Првиот ден Божик - 7 јануари, кој се паѓа во четврток, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија согласно Законот за празници.
-
Економија 05.01.2016 13:20
Потрошувачки права: Поплаки за гаранција, сметки и квалитет
Организацијата на потрошувачи ги сумираше резултатите од 2015-та година. Најголем дел од поплаките, 13 проценти, се однесувале на проблеми со остварување на правата од гаранција за технички производи, особено за мобилните телефони.
-
Свет 05.01.2016 13:13
Снежните врнежи ја парализираа Tурција
Изобилните снежни врнежи ја парализираа Tурција. Прекината е наставата во една третина од училиштата низ земјата. Откажани се голем број летови.
Седум лица загинале во сообраќајна несреќа. Автобус ја изгубил контролата и излетал од автопатот.
-
Македонија 05.01.2016 13:09
Магла на повеќе патни правци
Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Свети Николе – Куманово и Велес – Катланово до 50 метри и Куманово – Страцин од 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.
-
Економија 05.01.2016 13:03
Во Катастарот лани примени 1.189.967 предмети, нерешени само 0,2 проценти
Од речиси милион и двесте илјади предмети примени во Катастарот, само 0,2 проценти останале нерешени. Дигитализирани 99,4 проценти од територијата на Македонија. Поедноставена постапката за утврдување на меѓи, со што граѓаните заштедли 8,5 милиони евра.










