Поради магла во Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Демир Капија и Петровец е намалена видливоста на патиштата од 50 до 100 метри, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.









