15- вековната традиција продолжува. Маскираните василичари на 13-ти јануари на големо дефиле, секоја улица во Вевчани ќе ја претворат во уличен театар без режија, чувајќи ги своите маски во најстрога тајност до последен момент.
Вести
-
Култура 04.01.2016 14:17
-
Свет 04.01.2016 14:01
Полициски час на југот од Јемен
Во градот Аден, на југот од Јемен е воведен полициски час откако беа убиени 17 луѓе во судири со лица осомничени за тероризам.
-
Македонија 04.01.2016 13:58
Хан доаѓа во Македонија на 14-ти или 15-ти јануари
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, ќе ја посети државава на 14-ти или најдоцна на 15-ти јануари. Целта е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од Договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача еврокомисијата.
-
Македонија 04.01.2016 13:45
Метео: Променливо облачно и студено време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд во попладневните часови особено во северните и западните делови.
На планините се очекуваат врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
-
Македонија 04.01.2016 13:21
ФЗОМ со поголем буџет годинава
Буџетот на Фондот за задравствено осигурување за годинава е проектиран на 25 милијарди 575 милиони денари. Двојно е зголемен од формирањето на Фондот во 2000 година.
-
Економија 04.01.2016 13:13
Зголемени субвенции за повеќе странски гости
Зголемените субвенции што ги дава државата за привлекување странски туристи треба да овозможат развој на секторот.
-
Македонија 04.01.2016 13:05
Булеварите проодни, тротоарите замрзнати
Вчера сите се израдуваа на снегот. Но, денеска радоста се намали кај некои, особено кај оние што брзаа на работа. Тротоарите се замрзнати. Граѓаните чекорат со страв.Булеварите се проодни.
-
Македонија 04.01.2016 12:47
Убиство во Скопје: Момче прободено со нож им подлегна на повредите
Две лица повредени од остар предмет синоќа околу 19 часот биле донесени во скопската болница „Свети Наум Охридски“. Еден час подоцна полицијата добила информација дека едно од лицата, кое нофицијално имало убодна рана во пределот на срцето, им подлегнало на повредите.
-
Свет 04.01.2016 12:13
Германија: Инцидент во камп за бегалци
Непознато лице истрелало повеќе куршуми во центар за баратели на азил на запад во Германија, при што едно лице е полесно повредено.
Германската полиција соопшти дека се уште не се знае кој е одговорен за инцидентот, а не е познат ниту мотивот.
-
Македонија 04.01.2016 11:29
За 24 часа издадени нови 2.120 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.120 странски државјани, од кои 912 се од машки пол, 409 се од женски, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без род










