Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 29.10.2014 21:38

    Вардар незадржлив

    Започнува ли диференцијацијата на квалитетот во фудбалското првенство на Македонија? Вардар останува неприкосновен лидер на табелата.Го совлада Тетекс со високи 5:0 демонстрирајќи ја својата фудбалска моќ. Работнички оствари вредна победа на гостувањето во Кратово совладувајќи го Силекс со 2:0.

  • Фудбал 28.10.2014 12:50

    Без дерби во четвртфиналето

    Најголемите фаворити за пехарот, Вардар и Работнички, се избегнаа на денешната ждрепка за четвртфиналето на македонскиот фудбалски Куп.

  • Фудбал 28.10.2014 11:54

    Нов рекорд на Сени!

    Најдобриот голгетер меѓу голманите, Бразилецот Рожерио Сени собори уште еден рекорд. Бранејќи го голот на Са Паоло, Сени ја оствари 590-та победа во кариерата за еден клуб.

  • Фудбал 28.10.2014 10:52

    Кому „Златната топка“ за 2014?

    ФИФА ја објави листата на фудбалерите-кандидадти за престижното признание, Најдобар фудбалер на светот за 2014 година. Кого од 23-та фудбалски великани на денешницата, ќе го помилува сјајот на „Златната топка“?

  • Фудбал 27.10.2014 13:34

    Убиен голманот на Јужна Африка Сензо Мејива

    Капитенот на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, капитенот Сензо Мејива, бил убиен синоќа во оружен напад во домот на неговата девојка.

  • Фудбал 26.10.2014 16:51

    Вардар, Работнички и Шкендија продолжуваат со победи

    Во денешните натпревари од 12 коло од Првата фудбалска лига лидерското трио продолжува со победи. Водечката екипа на табелата Вардар ја постигна деветтата сезонава со голот на Дашјан во 35 минута, што беше доволно за три бода против екипата на Брегалница.

  • Фудбал 26.10.2014 16:50

    Металург и Пелистер одиграа без голови

    Во натпреварот со Пелистер, Металург уште еднаш потврди дека тешко победува како домаќин, а битолчани дека ретко губат на гости. Тимот од Автокоманда влезе без суспендираниот Стојановски, а гостите без седдумина првотимци главно поради повреда.

  • Фудбал 25.10.2014 18:58

    Ефикасно на стартот од 12 коло, по бод за Ренова и Силекс

    Фудбалерите на Ренова и Силекс одиграа нерешено 2 : 2 во првиот натпревар од 12 коло во првата македонска фудбалска лига. Гостите поведоа преку Недељковиќ во 28 минута, што беше резултат на полувремето.

  • Фудбал 24.10.2014 15:56

    Ждрепката за купот во вторник

    ФФМ го објави датумот за извлекување на 1/4 финалните двојки во Националниот фудбалски куп на Македонија. Во вторник во 12 часот, во просториите на нашата фудбалска куќа, ќе ги дознаеме мечевите и датумите од следната елиминациска рунда.

  • Фудбал 24.10.2014 11:13

    Муарем со историски гол, Адеми со утешен

    Македонскиот репрезентативец Муарем Муарем влезе во историјата на клупскиот фудбал на Азербејџан. Неговиот погодок во 21 минута на гостувањето во Киев против Дњипро му донесе три бода на Карабаг, кој е прв клуб од таа земја со победа во еден од европските фудбалски купови воопшто.

Pages