Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 27.02.2014 15:19

    Оклахома во криза!

    Во дербито на вечерта, „Клиперс“ дома славеа против Хјустон со 101:93. Статистички најкорисен беше Грифин кој реализираше 23 коша и дури 16 скока, но играч на мечот беше домашниот кошаркар Колисон.

  • Кошарка 26.02.2014 16:12

    Рекорди за Харден и за Лов

    Седум натпревари, пет победи на гостите, две на домаќините, НБА ноќ која ја одбележа кошаркарот на Хјустон, Харден. Во триумфот на „Рокитс“ кај Сакраменто од 129:103, Харден постигна рекордни сезонава 43 поени. Хјустон го реши мечот уште во првиот период што го доби со 42:17.

  • Кошарка 25.02.2014 15:04

    Новицки го доби Ентони!

    Далас ја оствари третата победа на гостински терен едноподруго во кошаркарската НБА лига. Решавачкиот кош го постигна Дирк Новицки со шут над Кармело Ентони во последната секунда пред сирената.

  • Кошарка 24.02.2014 14:59

    Го нема Леброн? Нема проблем!

    Хит стигнаа до 7-та победа во 8 натпревари колку што во последните две сезони настапуваат без најдобриот стрелец на екипата и МВП на финалето, Леброн Џејмс.

  • Кошарка 17.02.2014 13:38

    Истокот ја прекина доминацијата на Западот

    Со најмногу постигнати поени во историјата на ревијалните викенди, Источната конференција ја сопре тригодишната доминација на Западната, победувајќи со 163:155 во Њу Орлеанс Арена.
     
  • Кошарка 16.02.2014 18:26

    Белинели и Вол во фокусот на Ол Стар ревијата

    Кошаркарот на Сан Антонио е само третиот европски играч, што преку океанот успеа да победи во ревијалниот шут за три. Марко Белинели ги повтори успесите на Дирк Новицки (2006) и Предраг Стојаковиќ (2002 и 2003).

  • Кошарка 15.02.2014 21:02

    Најубедливиот АБА пораз за МЗТ сезонава

    Најмалку постигнати поени на еден меч во тековната натпреварувачка година, двоцифрен број - 11 загубени топки и исто толку дозволени скокови во офанзивата на протиникот.
  • Кошарка 13.02.2014 19:44

    Нов пораз на Кожув

    Гевгеличани се враќаат од мини турнејата по балканските простори, со два пораза во два натпревара. Вториот беше претрпен кај бугарскиот тим Балкан (84:77 - 20:22,22:14,18:15,24:26), предводен од екс-тренерот на МЗТ, Александар Тодоров.
  • Кошарка 11.02.2014 22:57

    Кожув поразен во Крајова

    Кошаркарите на македонскиот вицешампион го претрпеа седмиот пораз сезонава во БИБЛ лигата и врзаа негативна серија од 6 мечеви, со загубениот натпревар кај романскиот претставник.
     
  • Кошарка 11.02.2014 11:21

    Индијана продолжува лидерски, Голден Стејт се иживуваше со Филаделфија

    Вест постигна 25 поени за помалку од 27 минут на паркетот, Хиберт додаде 14 во најубедливата победа сезонава, на составот со најдобар скор во моментов (40/11). Индијана славеше против Денвер, со 119:80.
     

Pages